Connect with us

#ФАЦИ

„Торонто експрес“ е идеален подарок за Нова година, за 300 денари и книга и претстава

По распродадениот прв тираж на книгата „Торонто експрес“, на полиците на Литература е и вториот тираж од хит книгата чии автор е Зоран Спасов – Ѕоф.

Книгата, која ја раскажува реалната приказна во која се поставува основното прашање зошто луѓето си заменуваат од Македонија, беше инспирацијата за истоимената претстава во МНТ, во која игра Александар Микиќ, а е во режија на Јордан Симонов. Урнебесната комедија која го наполни театарот и понатаму е хит, па сега со секоја купена книга „Торонто експрес“ и од вториот тираж, следи гратис билет за претстојните претстави во МНТ.

„Торонто експрес“ доби одлични критики, сите четири престави во декември беа веднаш распродадени, а за јануари се закажани уште четири.

Комична приказна спакувана во еден час, во која Микиќ успеа да ја насмее публиката до солзи, играјќи го ликот на Божо Вампирот, Македонец која заминал со фамилијата во Канада за да си ја бара среќата. Книгата по која е работна претставата е одлично четиво за причините зошто Македонците бегаат од тука и дали реално има фајде од носталгија.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

 

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.

Continue Reading

#ФАЦИ

Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“

 

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

 

Ќе се пеат песните на  Тоше Проески,  Влатко Илиевски,  Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Архитектот Лука, нова љубов на Тамара

 

Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии,  а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се  зборува и низ чаршијата.

 

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: