Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Трамп ја продава сопствената верзија на „Библијата“: „Бог да ја благослови Америка“ чини 60 долари

Медиасет.мк
пред 2 години

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, продава верзија на Библијата „Бог да ја благослови Америка“, додека се соочува со финансиска криза.

Во вторникот, на својата платформа Truth Social, Трамп ги покани поддржувачите да ја купат оваа верзија на Библијата, бидејќи поранешниот претседател излегува на сцената на секој митинг на песната „God Bless America“ од кантри пејачот Ли Гринвуд, пренесува АП.

„Среќна Света недела! Ајде да ја натераме Америка повторно да се моли. Додека се упатуваме кон Велики петок и Велигден, ве охрабрувам да добиете примерок од „Бог да ја благослови Америка“, напиша Трамп, упатувајќи ги своите поддржувачи на веб-страница каде што книгата се продава за 59,99 долари.

Според АП, најавата за продажба доаѓа во време на финансиската криза на Трамп додека тој се бори со четири кривични обвиненија заедно со серија граѓански обвиненија.

Апелациониот суд во Њујорк во понеделникот се согласи да ја одложи наплатата на повеќе од 454 милиони долари што ги должи поранешниот претседател по пресудата за граѓанска измама, доколку тој депонира 175 милиони долари во рок од 10 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 17 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 18 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 20 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања