Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-librarybbq9dv554n957jlc7Y6

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се одигра во недела од 21 часот, потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

Информацијата претходно ја најави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а со потврдата од Белата куќа стана официјално дека Трамп ќе биде меѓу високите гости на завршниот натпревар на турнирот.

Неговото присуство доаѓа во период кога сè уште се водат дебати за одлуката на ФИФА да ја укине автоматската суспензија на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун. Според медиумски информации, Трамп наводно контактирал со Инфантино и побарал да биде преиспитан црвениот картон на напаѓачот, по што ФИФА ја укинала казната и му дозволила настап во осминафиналето против Белгија.

ФИФА не ги потврди овие тврдења, а одлуката предизвика бројни реакции во фудбалската јавност бидејќи, според критичарите, ниту еден друг црвен или жолт картон на турнирот не бил поништен и покрај поднесените жалби од други репрезентации.

Балогун настапи на натпреварот против Белгија, но САД беа поразени со убедливи 4:1.

Трамп и претходно присуствуваше на големи спортски настани во САД, меѓу кои Супербоул, финалето на НБА, УС Опен во тенис и Рајдер купот. Минатата година тој го врачи трофејот на победникот на Светското клупско првенство, кое исто така се одржа во САД.

Овогодинешното Светско првенство заеднички го организираат САД, Канада и Мексико, а завршницата се игра во САД. Во натпреварот за третото место ќе се сретнат Англија и Франција, додека за светската титула ќе се борат Аргентина и Шпанија.

Победникот на Светското првенство, покрај традиционалниот трофеј и медалите, годинава за првпат ќе добие и шампионски прстени, по примерот на професионалните американски спортски лиги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 12 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 13 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 13 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања