Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Тргнати се сите барикади, Елеонора оди на лекување: Драгоцени сте! А вчера останавме и без зборови..

Медиасет.мк
пред 2 години
447777948_996392591850062_7459837023457696297_n

Осумгодишната Елеонора Тодоровска од Скопје заминува на лекување, благодарение на хуманите граѓани. Нејзиното семејство се заблагодари на сите донатори, поддржувачи, споделувачи. Тие споделија и дека последните 5.000 евра кои недостасувале, ги донирало едно лице, за кое посочуваат: „бескрајно благодариме, со оваа помош ни ја скративте голгота и чекањето“.

„Елеонора заминува на трет третман во Турција. Ви благодариме на сите кои несебично помогнавте и ја биете оваа битка заедно со нас. Успеавме да ги собереме потребните средства за третманот со матични клетки. Без сите вас од најголеми до најмали донатори, споделувачи, помагачи, ништо немаше да биде исто. Не можеме да ја опишеме благодарноста, бидејќи секој третман е шанса за подобрување на состојбата на нашата Елеонора. Благодарност до ЕCrowd, телефонските оператори Телеком и А1, Кристијан Ландов, колеги, пријатели, другари, роднини“, велат од семејството на Елеонира и додваат:

„Она што се случи вчера нѐ остави без зборови, последните средства во висина од 5.000 евра ги донираше К.А. Бескрајно Ви благодариме, со оваа помош ја скративте голготата и чекањето. Тргнати се сите барикади за да можеме во најкус период да заминеме во болницата „Лив хоспитал“. Дагоцени сте сите за нас, особено за нашата Елеонора. Од прв до последен, уште еднаш, благодарност!“.

Ова е втор третман на Елеонора, откако првиот даде значителни резултати и помогна нејзината состојба да не се влошува, туку подобрува. Таа боледува од ретка болест, леукодистрофија – не може да оди, зборува, има чести епилептични напади.

За третмани со матични клетки, државата не ги покрива средствата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycjse90pj9eivfe30zDd

(Видео) Новороденче со „мустаќи“ стана хит на социјалните мрежи

Вирално | пред 14 минути

media-libraryn9sk3nk4vmekcFDW7r8

Истражување: Колку е жената поинтелигентна, толку потешко наоѓа сопруг

Вирално | пред 3 часа

media-libraryb8d01ivp7kvkeaFh7aQ

Како да препознаете дали некому му се допаѓате? Научниците открија знак што тешко се контролира

Вирално | пред 7 часа

media-library3mqeku2sco7pa9gUsWh

Масло или маска пред миење на косата: Што е методот „pre-poo“?

Вирално | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања