Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Тригодишниот Сарвагја Синг Кушвав направи светско чудо, стана најмладиот шахист со официјален ФИДЕ-рејтинг

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-library37rvpbovcimf61SFSk9
ФБ

Шаховскиот свет доби ново чудо од дете – тригодишно момче од Индија успеа да влезе на рејтинг-листата на ФИДЕ, поставувајќи рекорд што досега се сметаше за непоимлив. Сарвагја Синг Кушвах стана најмладиот играч што некогаш добил официјален рејтинг, надминувајќи го претходниот рекорд на сонародникот Аниш Саркар.

На официјалната листа за декември 2025 година дебитирал со брз рејтинг од 1572, а ФИДЕ објави фотографија на која се гледа момчето со медал во устата и три трофеи пред себе:

„Со само 3 години, 7 месеци и 20 дена, Саравгја Синг Кушвав е најмладиот играч на рејтинг-листата за декември 2025 година, каде дебитира со брз рејтинг од 1572“, објави ФИДЕ.

За да се добие официјален рејтинг, потребно е играчот да победи барем еден шахист кој веќе има рејтинг. Сарвагја отиде многу подалеку: победи тројца рејтинг-играчи на турнири во својот регион и пошироко низ Индија – резултат што голем број возрасни љубители на шахот го постигнуваат по месеци или години игра.

Малиот шампион доаѓа од сојузната држава Мадја Прадеш и започнал да игра околу својата втора година, раскажува неговиот татко Сидарт Синг за „Индијан Експрес“. Момчето минува четири до пет часа на ден играјќи шах – дел во локален шаховски центар, дел онлајн.

На турнирите во 2025 година Кушвав ги совладал возрасните шахисти:
– Јогеш Намдев (20) – рејтинг 1696
– Абхиџит Авашти (22) – рејтинг 1542
– Шубхам Чорасија (29) – рејтинг 1559

Претходниот рекорд го држеше Аниш Саркар, исто така индиски талент, кој минатата година доби рејтинг 1550 на возраст од 3 години, 8 месеци и 19 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0hsov53quoa0fhMU8KG

(Видео) Громогласен аплауз за Слаткаристика во Оксфорд: „Ве сакам најмногу на цел свет“

Сцена | пред 3 часа

media-library7fijqt39hpvq42XE42i

(Видео) Каролина ги „раздрма” во Гази Баба: општината прослави 50 години постоење

Сцена | пред 6 часа

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 7 часа

profimedia-0558606083-1

Бред Пит повторно во главната улога: Стигнува продолжението на „Светска војна З“

Филм | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања