Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Уникатно и во свој стил – Калина Велковска со „4“ се пласираше во финалето на „Макфест 2021“

Медиасет.мк
пред 4 години

Вчера вечер започна триесет и шестото издание на Фестивалот на музика „Макфест“, на отворената сцена поставена во спортско-рекреативниот центар „Аква бела ресорт“ во Штип. Честа да го отвори овогодинешното издание и припадна на прекрасната Калина Велковска - Кали.

Шармантната Калина Велковска - Кали, која веќе долги години е на музичката сцена, оваа година реши да се претстави и на Макфестовската сцена, со една многу поинаква музичка нота. Покрај настапите кои ги има досега, како на светското талент шоу „The Voice“, дел од евровизиските тимови и дел од многу различни концерти, оваа година Калина за свој музички предизвик го зема претставувањето на „Макфест 2021“.

„4“ е уникатна композиција со лична нотна приказна, која буди емоции. Музиката и текстот на песната се дело на Сара Мејс, додека пак аранжманот и аудио продукцијата се на Иван Петровски, а режијата му беше препуштена на Зоран Зонде Стојановски.

Пасијата кон музиката и соживувањето со секоја една нота, ја прави Калина уникатна во нејзините изведби. Енергијата која Калина ја пренесе на овогодинешното издание на „Макфест“ е незаменлива и посебна. Според неа, кога некој прави музика, морасекогаш да бара нови начини како тоа совршено да го сподели со светот.

Калина Велковска - Кали со својата композиција „4“ ги маѓепса жирито и публиката и успеа да се пласира во финалната вечер на „Макфест 2021“, на која ќе се натпреварува за првото место.

Еуфоријата и желбата за победа сега се поголеми, а наше е да ја бодриме и вечерва талентираната Калина, која ќе се натпреварува со сите финалисти, и да и помогнеме да го постигне максимумот.

Уживајте во видео записот и убавата мелодија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Бивша вработена на крузер открива: „Љубовта меѓу колеги на брод има и мрачна страна“

Патувања | пред 15 часа

media-libraryju0r0rf7rs485IcOeGp

(Видео) Возете се каде било во светот со користење вистински мапи и тоа директно од прелистувач

Технологија | пред 17 часа

media-libraryimh3bsg6ok3j9t4HSKB

(Видео) Ѓоковиќ се фати за микрофонот: Заедно со Владо Георгиев и Нигор ја пееше „Тропски бар“

Сцена | пред 19 часа

media-library7ed8kr3fjul65xn852f

Оваа плажа некогаш била депонија: Денес наместо песок има милиони шарени парчиња стакло

Патувања | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања