Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Уште една земја кажа „не“ на Евровизија 2027: Ирска се повлекува поради состојбата во Газа

Медиасет.мк
пред 1 месец
evrovizija

Ирска нема да учествува на Евровизија 2027 година, соопшти денеска ирскиот јавен сервис РТЕ, наведувајќи го како причина континуираното страдање на луѓето во Газа и хуманитарната криза.

„РТЕ смета дека учеството на Ирска не може да се оправда со оглед на ужасното и непрекинато страдање на луѓето во Газа и хуманитарната криза, која и понатаму ги загрозува животите на голем број цивили“, се наведува во соопштението на јавниот сервис, пренесува „Ројтерс“.

Ирска е втората земја која официјално го откажа учеството на натпреварот во 2027 година, по Холандија. Холандскиот јавен радиодифузер АВРОТРОС во август соопшти дека Евровизија повеќе не може да се смета за неутрален настан додека на неа учествува држава вклучена во воен конфликт од големи размери.

Бојкотот на Евровизија започна на претходното издание во 2026 година, кога пет земји – Ирска, Холандија, Исланд, Словенија и Шпанија – одбија да учествуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 14 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 15 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 15 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања