Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Вештачката интелигенција може да укине 800.000 работни места во Германија во следните 15 години

Медиасет.мк
пред 25 минути
media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8
unsplash

Вештачката интелигенција во следните 15 години може да доведе до укинување на околу 800.000 работни места во Германија, но истовремено се очекува да создаде приближно ист број нови работни места. На ова предупреди претседателката на Сојузната агенција за вработување, Андреа Налес, посочувајќи дека ниту една професија нема да биде целосно поштедена од промените.

Според неа, најголем удар би можеле да претрпат услужните дејности за компании, како и аналитичките работни места во осигурителните компании и банките.

Налес смета дека Германија треба повеќе да вложува во вештачката интелигенција, но само доколку тоа придонесува за зголемување на продуктивноста, а не затоа што станува збор за модерен тренд.

Таа посочи дека промените нема да ги погодат само високообразованите работници. На младите дипломци веќе им е потребно повеќе време за да ја започнат кариерата, но нивните можности за вработување и понатаму се подобри од оние на другите групи. Сепак, според Налес, врз ова влијае и слабиот економски раст, а не само вештачката интелигенција.

Од друга страна, занаетчиските професии, во кои помалку се користи ВИ, засега се покажуваат како поотпорни, бидејќи во нив клучна останува човечката вештина. Налес додаде дека можности ќе има и за лицата без високо образование, но нагласи дека никој не е целосно имун на промените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Користите ChatGPT за финансии? Овие податоци никогаш не смеете да ги споделувате

Технологија | пред 6 минути

igrice

Играчите на Steam сè повеќе избираат 16 GB RAM, Intel повторно му бега на AMD

Технологија | пред 1 ден

media-libraryogsm52megssjcd1T306

WhatsApp воведува нова контрола на приватноста: ќе избирате кој може да го гледа вашиот број

Технологија | пред 1 ден

media-librarytallh42oq402fzo7lcs

Windows 12 би можел да пристигне во 2027 година: Microsoft подготвува големи промени

Технологија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања