Ѕвездата на „Сексот и градот“ Крис Нот обвинет за силување
Крис Нос, ѕвездата на „Сексот и градот“, е обвинет за силување две жени, објави „Холивуд репортер“. И двете жени користат псевдоними – Зои и Лили, а тврдат дека едната била силувана во Лос Анџелес во 2004 година, а другата во Њујорк во 2015 година, на сличен начин, со секс пред огледало. Девојките – Зои, сега 40, и Лили, сега 31 – кои го обвинуваат Нот дека сексуално ги нападнал, ги раскажаа своите приказни за магазинот.
Зои вели дека кога имала 22 години работела во фирма каде што познатите личности редовно се појавуваат за извршување на работните обврски.
„Тој ќе дојдеше до мојата маса и ќе флертуваше со мене. Некако го доби мојот број од именикот и ми оставаше пораки на работниот телефон. Мојот шеф рече:’Господин Биг остава пораки на вашата говорна пошта““, раскажува Зои.
Еден ден ја поканил во својот стан во зграда во Западен Холивуд за да уживаат во базенот. Тој оставил книга покрај базенот и ја замолил да ја врати во неговиот стан.
„Тој рече: ‘Би сакал да знам што мислиш’. Помислив дека сум нова, а тој прашува за мое мислење, во Холивуд бев само два месеца“, додава Зои
Кога влегла во неговиот стан, тој наводно ја бакнал. Тоа не ја вознемирило оти мислела дека бакнежот од г. Биг ќе биде забавна приказна што ќе им ја раскаже на своите пријатели. Но, таа вели дека тој потоа ја повлекол кон себе, ја поместил кон креветот, ѝ ги соблекол шорцовите и долниот дел од бикините и почнал да ја силува одзади. Таа била свртена кон огледало.
„Беше многу болно и извикав: ‘Стоп!’, тој продолжи. Реков: ‘Можеш ли барем да земеш кондом?’ и тој ми се насмеа“, вели таа.
Таа, наводно, била третирана во болница по случката, а докторот препорачал советување за траума.
„Го закопав тоа онолку длабоко колку што можев, а потоа навистина не ми беше добро и конечно отидов на третман што го препорачаа од болницата“, раскажува таа за своето искуство години подоцна.
Приказната на Лили започнува во ноќен клуб во Њујорк, каде што била келнерка.
Тој, наводно, ја поканил да одат на вечера и го продолжиле состанокот во неговиот стан, кој таа го нарекува „неверојатно место“.
„Слушавме музика, а тој ги има сите книги за уметност и мода. Се обиде да ме бакне. Внимателно го забавував. Тој е постар и изгледаше постар. Постојано се обидуваше и се обидуваше и се обидуваше, а јас требаше поцврсто да кажам ‘не’ и да заминам. А потоа следно што памтам е дека тој ги спушти панталоните и стоеше пред мене“, раскажа девојката која стои зад псевдонимот Лили.
Лили вели дека наводно му посочила дека е оженет (со Тара Вилсон), а тој ѝ одговорил дека бракот е измама и моногамијата не е вистинска.
„Тој имаше секс со мене на стол. Бевме пред огледало. Отидов во бањата и го облеков здолништето. Се чувствував ужасно. Тотално прекршено. Сите мои соништа со оваа ѕвезда што ја сакав со години исчезнаа“, продолжува во објаснувањето Лили.
Биле разоткриени и СМС-пораки меѓу парот во кои Крис, наводно, напишал: „Патем, морам да прашам дали уживаше во нашата ноќ минатата недела. Мислев дека е многу забавно, но не бев баш сигурен како се чувствуваш“.
Лили, наводно, одговорила: „Хмм… Секако уживав во вашето друштво. Одличен разговор. Да не навлегувам во детали во текстуална порака, но се чувствував малку искористено… Можеби подобро е а ова да зборуваме во телефонски разговор, но не можам да зборувам во моментов“.
Нот потоа, наводно, подоцна напишал: „Ако сакаш да се напиеш подоцна, не мора да биде кај мене… иако го имам најдоброто виски. Дојди да се напиеш една пијачка со мене пред да го напуштам градот. О, мистериозна… каде отиде“.
Нот се огласи на неофицијалните обвинувања, цврсто велејќи дека не ги нападнал и навредил девојките.
„Обвинувањата против мене од поединци што сум ги запознал пред години, па и децении, се категорично лажни. Овие приказни може да се од пред 30 години или пред 30 дена – ‘не’ секогаш значи ‘не’ – тоа е линија што не ја преминувам. Средбите беа консензуални. Тешко е да не се доведе во прашање времето на објавување на овие приказни. Не знам со сигурност зошто сега излегуваат на површина, но го знам ова: јас не ги нападнав овие жени“.
Петар дојде на аудиција за вработување, а јас бев во жирито, си реков ’види што убав е дечково‘: Љубовната приказна на Емра Куртишова
Македонската актерка Емра Кутришова неодамна се омажи со својот колега, актерот Петар Стојанов. По три години врска двојката реши да се венча, а свадбата беше во Гевгелија, од каде што е Петар. Емра вели дека имале преубава свадба за која сè уште се зборува. Конечно успеа да ги присобере впечатоците, па во разговор за Репортер ни ја откри и љубовната приказна со сопругот, но и како поминел подготовките околу свадбата. Зборуваме и за идните планови во однос на нејзината кариера.
„По 7 јуни, еве уште се зборува за свадбата и баш тоа ми буди радост и ми дава до знаење дека навистина гостите заедно со мене и Петар си поминаа прекрасно“, ни открива актерката Куртишова. На прашањето како сега се чувствува во брак, вели: Искрено, не е ништо поразлично бидејќи ние веќе подолг период живееме заедно. Тоа е доказ дека таа хартија не менува ништо, единствено што на некој начин се официјализира врската. Така што сè си е какошто било и до сега. Единствено што сменив, е што освен што го задржав моето презиме, го додадов и неговото, и секако се тоа со заеднички договор‘, ни откри Емра, која публиката ја засака како Исура, од хит-серијата „Преспав“.
Свадбата беше во Гевгелија. Немало многу гости, туку прославата била во најтесниот круг на семејството. Но како и секоја свадба, така и оваа поминала со малку драма.
„За нервозите околу свадбата ангажирани беа сите околу мене, јас бев многу опуштена. Не знам како ми успеа, но, навистина ништо не допираше до мене, едноставно сакав да ми е мирно во душата. Но, пак не беше сè подмачкано. Бидејќи дента патувавме од Скопје и секако чичко Марфи мораше да вмеша прсти, врвот беше дека јас и Петар доцневме на сопствената свадба, не многу долго. Па кога стигнавме наместо ние да ги пречекаме гостите, се случи обратно. Сега кога ќе се присетиме на тој момент ни делува како од некоја комедија, и навистина беше смешно“, вели Емра и додава: Најважно е дека сè помина во најдобар ред, беше убава мини свадба за паметење.
Атмосферата се вжешти кога Петар го зеде микрофонот и буквално не го остави … па, со оглед на тоа колку го крена расположението се пошегував и му предложив во слободно време да пее на свадби, на што ми одговори дека ќе размисли“, се шегува актерката. Таа ни откри и дека немале обичаи бидејќи свадбата ја правеле во работен ден. Сè почнало и завршило во ресторанот, вели актерката, и затоа што биле растоварени од сите обичаи, имале повеќе време за убава веселба.
Интересна е и нивната љубовна приказна, за која Емра првпат открива во разговорот за Репортер. “ Искрено да ти кажам, љубовта почна необично и неочекувано. Во 2018 имаше аудиција за вработување на нови актери во Театарот за деца и младинци. По некоја случајност јас бев дел од жирито и тогаш прв пат го видов Петар. Кога излезе на сцената, си помислив ’види што убав е дечково хаха‘. Морам да признаам дека му личеше сцената и имаше потенцијал за да се вработи и стане дел од театарот. Така и бидна“, искрена е актерката Куртишова-Стојанова и додава: Нашиот прв заеднички процес во театарот беше претставата „Едвард раце ножици“ каде почнаа првите љубовни искри, ама од негова страна, а јас ’се држев бев ’како незаинтересирана. Тој момент не траеше долго, не можев да му одолеам и се случи љубов. Почнавме да живееме заедно и сфативме дека добро ни оди, па решивме да се земеме“.
Заедничката работа во театарот, кога се и колеги и во љубовна врска, колку и да е добра, некогаш носи непријатни моменти, кавги. Па зборуваме и за тоа, на што актерката вели: „Реално тоа до сега се нема случено, но, не е чудо да се случи. Приватноста се остава на влезот пред театарот, наша задача е со полна концентрација да си ја одиграме претставата, а проблемот да се реши по завршувањето на истата. Јас и Петар сме различни во карактерите, ама сметам дека тоа е причината зошто сме заедно. Секако дека нè привлекуваат исти нешта и тоа го прави балансот во врската“, открива таа.
Емра во моментов е во Србија, каде подолг период работи на филм и серија. Но, засега, вели таа не смее да открива многу, бидејќи сè уште е рано. И оваа година зад себе имаа успешна работа во Театарот за деца и младинци. Ни откри дека на куклениот фестивал во Подгорица, со претставата „Палешка“ таа и нејзиниот колега Мартин Јорданоски добиле награда за партнерска игра. Потоа се случила претставата „Роња“ која сè уште ги добива сите главни награди од фестивалите. „Морам да признаам дека оваа претстава е една од поубавите во нашиот театар, и топло ја препорачувам на сите оние што не ја гледале.
Во моментов во театарот се работи „Франкенштајн“ и со нетрпение ја очекуваме премиерата“, раскажува таа. Публиката ја засака како Исаура, па ја прашаме дали мисли дека е време да ѝ се врати на телевизијата и дали ќе има нова сезона на хит-серијата?
“ Преспав ми фали веќе две години, и не само мене. Публиката си го кажа своето, серијата помина со огромен успех, а, за тоа се доказ бројните пораки кои ги добивам на Инстаграм. Секоја успешна приказна си има свое продолжение, па да се надеваме дека тоа ќе се случи и со Преспав, открива Емра.
Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев присуствуваше на натпреварот во Џенова, меѓу неговиот поранешен клуб и Наполи. Имаше можност да го гледа својот наследник во репрезентацијата, Елиф Елмас, кој не се прослави на овој натпревар.
Елмас успеа да добие жолт картон по само 13 секунди игра и со тоа да собори еден неславен рекорд во историјата на италијанскиот фудбал. Напаѓачот жестоко стартуваше над противничкиот играч Гудмундсон. За потсетување, натпреварот меѓу Џенова и Наполи заврши без победник 2:2.
Караванот „Македонијо во срце те носиме“ патува во Велес
Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни, сите во нов аранжман од маестро Николче Мицевски, има цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации за нивната земја и нејзиното наследство.