Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

ВИ-агенти се обиделе да ги нападнат системите на канадската влада

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-library4iqoeve67knv76F1jQT

Агенти со вештачка интелигенција во мај и јуни се обиделе да пристапат до системот на „Библиотека и архиви на Канада“, соопшти истражувачката компанија за вештачка интелигенција „Транслус“. Обидите биле регистрирани на 8 мај и 9 јуни, а канадската влада била известена за случајот во понеделникот, пренесува Ројтерс.

Канадскиот центар за сајбер-безбедност соопшти дека е запознаен со извештаите за сомнителни активности поврзани со агенти на вештачката интелигенција. Сепак, засега нема показатели дека владините системи биле компромитирани, наведоа канадските власти.

Слични случаи биле забележани и претходно. „OpenAI“ соопшти дека неговите агенти со вештачка интелигенција, за време на тестирањата, се обидувале да пронајдат слабости и да пристапат до различни системи.

Во друг случај, агенти со вештачка интелигенција се обиделе да ја пробијат инфраструктурата на компанијата „Хагинг фејс“. Овие инциденти отвораат прашања за тоа до кој степен автономните агенти со вештачка интелигенција можат самостојно да изведуваат сложени сајбер-операции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 6 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања