Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Ви остануваат бели дамки на облеката по перење? Овој кујнски трик го решава проблемот

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryk5ojiak4pqb66Wexl0j
фото: unsplash

Дамките од облеката, како и белите траги од детергент, можете да ги отстраните со една состојка која речиси секој ја има во кујната. Еве го едноставниот трик кој може да ви заштеди и време и пари.

Сте ја извадиле облеката од машината за перење, а на темната маица останале бели линии како да е посипана со брашно? Детергентот понекогаш остава траги на облеката, а според експертите за чистење, тоа не значи дека машината е расипана, туку дека можеби сте ставиле премногу облека во барабанот.

Кога машината е преполна, прашокот или гелот нема доволно простор правилно да се раствори. Наместо да се исплакне со водата, може да остане на ткаенината како бела или синкава дамка, трага или стврднат остаток.

Решението е алкохолниот оцет. Наместо да купувате специјални и скапи средства за отстранување дамки, обичниот оцет може да помогне при отстранување на остатоците од детергент.

Дамките од детергент се појавуваат кога плакнењето не ја завршило работата целосно, а токму затоа во многу случаи можат лесно да се отстранат.

Измешајте една шолја оцет со четвртина шолја вода во мијалник или подлабок сад. Потопете го извалканиот дел од облеката и нежно тријте ја ткаенината за да се ослободат остатоците од детергентот од влакната.

Оставете ја облеката во растворот околу еден час, а потоа повторно ставете ја во машината и исперете ја.

Тука многумина прават грешка. Барабанот се полни до врв за да се заштедат вода и електрична енергија, а потоа се појавуваат белите дамки.

На детергентот му е потребен простор за да се раствори и распореди, а кога облеката е премногу збиена, водата не може да стигне до секој дел од ткаенината.

Затоа се препорачува да оставите малку простор над облеката, односно доволно место за лесно да ја ставите дланката во барабанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8rtsc8vbhkjsakqhnAB

(Видео) „Дали и ние сме вештачка интелигенција?“: Кардашијанс со необичен почеток на новата сезона

Сцена | пред 6 часа

media-libraryquql6blcpi8882E5Q39

(Фото) Дуа Липа повторно во центарот на вниманието: Виолетов блејзер и црна долна облека

Вирално | пред 8 часа

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 9 часа

media-librarynhcpn0oapvnrdZnBWp0

Три хороскопски знаци влегуваат во најубавата деценија од животот: ги очекуваат успех и мир

Вирално | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања