Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) AI хорор од Холивуд: апликација за разговор со починати шокира светот

Медиасет.мк
пред 11 месец
media-librarygmi2rrdopk4a4WqKzdb

Поранешниот актер на „Дизни“, Калум Ворти (34), се најде во центарот на жестоки критики поради својата нова апликација 2wai, која им овозможува на корисниците да создадат вештачки аватари на починати блиски лица. Актерот, познат по улогата на Дез Војд во серијата Austin & Ally, ја претстави апликацијата на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина од негативни реакции и дебата за етиката на технологијата што „ги оживува мртвите“.

„Што ако можеме повторно да зборуваме со нашите сакани?“

Во промотивното видео, Ворти ја опиша апликацијата како „жив архив на човештвото“, поставувајќи го прашањето:

„Што ако луѓето што ги изгубивме можат повторно да бидат дел од нашата иднина?“

Во рекламата се прикажува бремена жена која преку апликацијата разговара со AI реплика на својата почината мајка. „Дигиталната баба“ потоа му чита приказна на внучето, зборува со него по училиште и се потсетува на сопственото породување. Рекламата завршува со слоганот:

„Со 2wai, три минути можат да траат засекогаш.“

Корисниците на социјалните мрежи беа едногласни – апликацијата е морбидна. Многумина ја опишаа идејата како „демонска, неетична и дегуманизирачка“.
Еден коментатор напиша:

„Ако некој се обиде да ме рекреира по смртта, ќе го проколнам.“

Други ја нарекоа „најлошата идеја во историјата на технологијата“, додека еден саркастично забележа:

„Што ако едноставно престанеме да правиме некромантија со месечна претплата?“

Многумина веднаш повлекоа паралела со серијата „Black Mirror“, особено со епизодата Be Right Back, каде вдовица создава дигитална верзија на својот покоен партнер. „Не разбирам каков тип претприемач гледа епизода на Black Mirror и вели: ‘Да, ова е бизнис идеја!’“ – напиша еден твитерџија.

Апликацијата, достапна за iOS, создава „HoloAvatar“ – виртуелен лик кој изгледа и зборува како реална личност, врз основа на само троминутен видео-запис. Освен аватари на блиски лица, платформата нуди и готови модели, како личен тренер, астролог или готвач, па дури и аватари на историски личности – како Шекспир и кралот Хенри VIII.

Компанијата, сепак, не објасни како со толку малку податоци вештачката интелигенција може реално да ја пресоздаде нечия личност. На прашањата од новинарите не одговорија.

Оваа технологија отвора сериозни дилеми – дали е морално да се „оживуваат“ починати лица и кој поседува права над нивниот дигитален идентитет. Корисниците предупредуваат дека компанијата може да ги користи создадените аватари за огласување или комерцијални цели без согласност.

„Замислете вашиот дигитален татко ви препорачува намалена цена на грав во маркет“, предупреди еден корисник.

Психолозите, пак, стравуваат дека овие „дигитални воскреснувања“ ќе го попречат процесот на жалење и ќе создадат зависност од лажна утеха.

Истражувачи од Универзитетот во Кембриџ предупредуваат на појавата на таканаречени „deadbot-ови“ – вештачки копии на починати што можат да предизвикаат психолошка траума. Тие опишуваат сценарија во кои дигиталните „духови“ испраќаат пораки, потсетници или реклами, па дури и комуницираат со деца, уверувајќи ги дека родителот „сè уште е тука“.

„Овие услуги носат огромен ризик од анксиозност, особено ако луѓето се соочат со неочекувани дигитални контакти од шокантно верни AI реплики на своите најблиски,“ изјави д-р Томаш Холанек од Кембриџ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 12 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 13 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 13 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања