Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) Ана Стојаноска со песната „Идната Јас“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг

Медиасет.мк
пред 32 минути
media-librarydlgo1jq0qmqk1nmVXcz

Подготовките за македонскиот настап на Јуниорскиот Евросонг 2026 продолжуваат, откако Македонската радио-телевизија ги претстави песната „Идната Јас“ и нејзиниот официјален видеозапис. Со оваа песна Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на музичкиот натпревар што годинава ќе се одржи во Малта.

„Идната Јас“ е посветена на детските соништа, самодовербата и храброста младите да го следат сопствениот пат и да останат верни на себе додека растат.

Музиката ја потпишува Николче Мицевски, а автор на текстот е Илчо Нечовски. Видеозаписот е изработен во продукција на Македонската радио-телевизија, со колоритен и динамичен визуелен пристап кој ја следи атмосферата и пораката на песната.

Стојаноска потекнува од Струга, а со музика и пеење се занимава уште од најрана возраст. На сцената во Малта таа ќе настапи со танчерките Калина, Каја и Елена. За кореографијата е задолжен Илија Карадакоски, додека македонската делегација ја предводи шефот на делегацијата Дијана Гогова.

До настапот тимот продолжува со интензивни подготовки за сценската изведба и за претставувањето на Македонија пред европската публика.

Јуниорскиот Евросонг 2026 ќе се одржи на 24 октомври во Малта. Директниот пренос на натпреварот ќе биде на МРТ1, со почеток во 21 часот.

Песната „Идната Јас“ и официјалниот видеозапис се достапни на дигиталните платформи и на официјалните канали на Македонската радио-телевизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygs1338qmf22n3fI83kx

(Видео) Жељко Јоксимовиќ со порака по концертот во Штип: „Ви благодарам Штип, Ви благодарам Македонија, ве сакам!“

Сцена | пред 2 часа

media-libraryqia23n3kt4pbcbqeez4

По повеќе од еден месец е објавена причината за смртта на Хејден Панетиер

Сцена | пред 15 часа

severina

Северина објави три нови песни пред концертот во Скопје

Сцена | пред 16 часа

media-libraryssn748b1npuf2gqdm8R

Jован Јованов и Елвир Мекиќ направија светско шоу во Штип - Пееја пред преполн стадион на Пастрмалијада

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања