Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(ВИДЕО) Апасиев до Димитров - Ти си Амерички шпион!

Медиасет.мк
пред 5 години
apasiev2

Пратеникот и претседател на „Левица“, Димитар Апасиев,  денеска од собраниската говорница упати навреди кон вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

„Дојде денот да се соочиме со вицепремиерот кој што бега од Собранието како ѓавол од темјан. Моите односи со дотичниот се одвратни. Во Библијата пишува дека по делата ќе ги препознаете оние кои што сакате да ги оценувате.

Мојата прва средба со Димитров беше на Правниот факултет кога јас бев демонстратор. Тогаш Димитров рече: 'Уставното име е последниот столб на државноста, а доколку се смени ќе се премине линијата на достоинството'. Потоа се случи аферата Никиликис кога станува заштитен извор на депешеата на Рикер кон САД. Односно дека тој ги издавал случувањата на САД, дека нема конзенсуз меѓу Црвенковски и Груевски за името, и практично бил американски шпион“, изјави Апасиев.

По ова вицепремиерот Димитров истакна:

-За нашата татковина, за нашата Македонија многу Македонци и Македонки оделе во затвор и јас сум спремен таа цена да ја платам за македонската кауза. Некои оделе во затвор, а некои ги пикале во затвор, ама размислете тоа вас во која категорија ве става и какво место си резервирате во македонската историја. Вие сте професор по право, меѓутоа тоа не значи дека не грешите кога велите дека Преспанскиот договор е потпишан надвор и од членот на Уставот што го регулира тоа прашање и надвор од Законот за склучување и ратификација на меѓународните договори. Во праксата некаде помалку од 1%, чинам помалку и од пола проценти 0,5 од вкупните меѓународни договори во име на Републиката ги има потпишано шефот на државата, претседателот на Републиката. Во првата интерпелација во глава ми беа тие бројки, можам да одам назад по стенограмот и да ги најдам, помалку од 0,5%. Членот 2 од Уставот вели дека и Владата во името на Републиката може да склучува меѓународни договори, а во членот 3 ги набројува кога тоа Владата може да го направи, споменувајќи едно чудо области кои што се присутни и регулирани во билатералниот договор, Преспанскиот договор“, изјави Димитров.

фото: PRTSC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 21 минута

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 38 минути

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 8 часа

media-libraryd7uar42eqsrv1Skd0Xg

Поинтелигентните луѓе не сакаат многу дружења со други луѓе

Вирално | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања