Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) Боки 13 најави голем концерт во Охрид следната година

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-librarynfjphs8cb6194nsxxgZ

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, најави дека следната година планира повторно да одржи голем концерт во Охрид, град за кој, како што рече, го врзуваат некои од најубавите моменти во неговата кариера.

Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ тој се потсети на периодот кога настапувал во тогашниот хотел „Инекс Горица“.

„Еден цел месец во Охрид, секој ден имав концерти. Триесет дена – триесет концерти во ‘Инекс Горица’, на плажата“, рече Јовановски.

Тој потсети дека на 29 јули 2007 година го одржал својот прв голем концерт на стадионот во Охрид, каде што пристигнал со хеликоптер.

„Првиот свој голем концерт го одржав на 29 јули 2007 година, на охридскиот стадион, каде што слетав со хеликоптер. Јас сум првиот македонски изведувач што воопшто одржал концерт на охридскиот стадион. Беше преполно и беше преубаво“, изјави Боки 13.

Јовановски рече дека годинава размислувал за концерт во Охрид, но наместо тоа го организирал настапот во Битола.

„Оваа година имав намера да одржам концерт во Охрид, но се случи Битола. Мислам дека уште сега можам да најавам дека тоа ќе се случи наредната година“, рече тој.

Боки 13 смета дека се разликува од класичните пејачи и дека неговата главна предност е целосниот сценски настап.

„Јас сум еден и единствен изведувач што не може да се спореди со ниту еден пејач. Јас сум изведувач што го следат повеќе други чинители во сите овие 25 години кариера. Сметам дека шоу по светски стандарди, колку и да звучи претенциозно, можам да направам само јас“, изјави Јовановски.

Вечер во Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
Вечер во Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybhrclah4g5170hboxXp

Тејлор Свифт со провокативен стих во новата песна „Cleveland!“: Фановите веднаш реагираа

Сцена | пред 23 часа

media-librarytt0p3ov8lifsd8LrfjM

Маклмор тргнува на „Free Palestine Tour“ по отстранувањето од турнејата на Ед Ширан

Сцена | пред 23 часа

tom-kruz-960x640-1

Том Круз откри што работел пред славата: „Бев мајстор за сè“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryioorkbilruls6zj7FPJ

(Видео) Тејлор Свифт го најави мрачниот спот за „Patient Zero“ со Дакота Џонсон и Колин Фарел

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања