Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Божиќна елка стара 21 година е хит на ТикТок, генерацијата Z е љубоморна

Медиасет.мк
пред 10 месеци
media-librarymada33ufsanvcngwM5S

Минијатурната Bratz-божиќна елка, стара повеќе од две децении, стана вистинска интернет-сензција откако сопственичката на ТикТок покажа како ја поставува секоја година за празниците – веќе 21 година по ред. Видеото за кратко време стана вирално и предизвика бран носталгија меѓу корисниците.

Снимката, објавена на 14 декември од корисничката со профил @richbxtchgurl, започнува со приказ на оригиналната кутија, очигледно оштетена од времето, по што следува сцена со поставената бела елка украсена со мали Bratz-украсчиња.

„Време е за Божиќ, што значи дека е време да ја извадам мојата мини Bratz-елка, која ја имам веќе 21 година“, стои во описот на видеото, а авторката додала: „Сега е многу нестабилна, но ја обожавам.“ Објавата досега собра над 518.000 прегледи и 101.000 лајкови.

Бран носталгија – и љубомора


Видеото ја допре публиката што пораснала со Bratz-франшизата, па коментарите се исполнија со воодушевување и духовита љубомора. Многумина ја пофалија авторката што сочувала редок дел од поп-културата од почетокот на 2000-тите, изразувајќи жалење за своите детски играчки. Во коментарите се јавија и припаднички на генерацијата Z кои, поради својата опседнатост со Y2K-ерата, напишаа дека се љубоморни.

„Доживувам љубомора опишана во Библијата“, напишала една корисничка во коментар што доби 17.000 лајкови.

„Луѓето што се толку среќни треба да плаќаат повеќе данок“, додал друг, додека трет коментирал: „Истовремено чувствувам и восхит и необјаснива лутина.“
Еден од коментарите едноставно гласеше: „Толку сум љубоморна.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9tjte46dfdlh6XeIgoN

(Видео) Ривалството остана во втор план: Механичарите на противнички тим му помогнаа на Буба Валас да ја продолжи трката

Вирално | пред 3 часа

horoskop

Три хороскопски знаци би можеле неочекувано да профитираат од една важна одлука

Вирално | пред 5 часа

media-librarymh9hfookmahl56LOZjA

Зошто ноември носи големи одлуки во љубовните врски?

Вирално | пред 19 часа

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Ретроградниот Меркур завршува, но драмата продолжува до 30 ноември

Вирално | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања