Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Цеца во Крива Паланка собра трипати повеќе публика од било кој нејзин настап годинава

Медиасет.мк
пред 1 година
Screenshot-2025-08-31-at-11.55.22

Балканската музичка ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца, во изминатите месеци настапувала во шест држави, но ниту еден настап не го надминал бројот на публика во Крива Паланка. Таму, според проценките, нејзините песни ги слушале рекордни 50.000 посетители – за трипати повеќе од кој било друг нејзин концерт ова лето.

Статистиките направени според медиумсите извештаи покажуваат дека втор град по бројност на посети е Ниш каде имала 15.000 посетители, а потоа следува Бања Лука во Босна и Херцеговина (БиХ) со 13.167 посетители. На трето место е Будва во Црна гора со 10.000 посети, а потоа следува Брчко (БиХ) со 7.000 публика, па Дизелдорф во Германија со 6.000 посетители.

Статистиките направени според медиумските извештаи покажуваат дека втор по посетеност бил настапот во Ниш со 15.000 посетители, а потоа следувала Бања Лука со 13.167 луѓе. На трето место е Будва со 10.000 посетители, па Брчко со 7.000 и Дизелдорф со 6.000 посетители. Концертите во Врање, Нова Гора и Требиње собрале по 5.000 посетители, додека најмал настап имала во Смедерево.

Рекордниот концерт во Македонија се случи во период кога на социјалните мрежи се водеше жестока полемика помеѓу македонскиот пејач Спасен Силјановски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев околу настапите на српските ѕвезди во Македонија. Јанчев беше обвинуван дека на „Тиквешки гроздобер“ повикал повеќе турбофолк изведувачи од соседството наместо македонски пејачи, за што се правдаше дека само тие можат да привлечат многубројна публика. Силјановски реагираше со остри критики и доби широка поддршка од јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 11 час

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 12 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања