Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) „Единственото знаме што го носам низ светот е македонското“, рече Самарџиќ и ги запеа „Македонско девојче“, „Како што е таа чаша“...

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library52jne48kf5a85eFV5I3

Античкиот театар во Охрид синоќа беше исполнет со љубителите на музиката на Жељко Самарџиќ, кој одржа концерт исполнет со своите најголеми хитови и емотивни пораки до публиката.

Веднаш по излегувањето на сцената, пејачот им се обрати на присутните, истакнувајќи дека и покрај бројните патувања, настапот во Охрид има посебно значење за него.

„Многу патувавме овие денови, но ова е величествено и убаво, мило ми е што ве гледам сите насмеани!“, им порача Самарџиќ на присутните од сцената на Античкиот театар.

Во текот на концертот тој испрати и емотивна порака за Македонија, која беше поздравена со силен аплауз од публиката.

„Многу ве сакам, најмногу! Единствено знаме кое патува со мене по цел свет е македонското! Верувајте ми, од срце. Секаде го носам со себе. Македонија ми остана како Југославија. Сакам да поминам низ македонските села, да ги гледам старите трактори, куќи, сѐ ми мириса на младост. Тоа е мојата Македонија. Драго ми е што и тука гледам луѓе кои доаѓаат на моите концерти и во Белград“, рече Самарџиќ.

Публиката во Охрид заедно со него ги отпеа неговите најпознати песни, а концертот помина во атмосфера исполнета со емоции, аплаузи и заедничко пеење, со што уште еднаш беше потврдено дека Жељко Самарџиќ останува еден од најомилените регионални изведувачи кај македонската публика. Концертот го организираше Балкан медиа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 18 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 22 часа

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryda4mpjdjhokmdVbkm7X

„Мојата жена, мојата ѕвезда“: Јамал со еден коментар ги подгреа гласините за врската

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања