Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

(Видео) Една шега на Ѓоковиќ ја освои публиката на Вимблдон

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-librarye13fcmb1hfac9SUDCHo

Новак Ѓоковиќ приреди еден од најинтересните и најсимпатичните моменти на досегашниот Вимблдон за време на убедливата победа над Стефанос Циципас во второто коло.

Во текот на мечот, додека собирачката на топчиња со ножички ја отстрануваше црната лента од неговото десно рамо, по претходна негова молба, српскиот тенисер ненадејно одглуми дека чувствува силна болка.

Девојката видливо се исплаши, мислејќи дека случајно го повредила Ѓоковиќ пред преполните трибини и милионската телевизиска публика, па веднаш се повлече чекор назад.

Неколку секунди подоцна, Ѓоковиќ се насмеа, а кога сфати дека станува збор за шега, насмевката не ја сокри ниту собирачката на топчиња. Сцената предизвика позитивни реакции кај публиката.

По натпреварот, Ѓоковиќ објасни дека сакал малку да се опушти за време на мечот.

„Такви работи правите кога водите со 2:0 во сетови, а не кога губите со 0:2. Жал ми е ако ја исплашив. Тоа малку ме опушти на теренот. Само се забавував“, изјави српскиот тенисер.

Во третото коло на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се соочи со Французинот Артур Риндеркнеш, кој во претходната рунда го совлада Американецот Мартин Дам Јуниор со 6:4, 7:6 (7:1) и 6:3.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8rtsc8vbhkjsakqhnAB

(Видео) „Дали и ние сме вештачка интелигенција?“: Кардашијанс со необичен почеток на новата сезона

Сцена | пред 4 часа

media-libraryquql6blcpi8882E5Q39

(Фото) Дуа Липа повторно во центарот на вниманието: Виолетов блејзер и црна долна облека

Вирално | пред 6 часа

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 6 часа

media-librarynhcpn0oapvnrdZnBWp0

Три хороскопски знаци влегуваат во најубавата деценија од животот: ги очекуваат успех и мир

Вирално | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања