Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Емотивен гест во Мајами: Де Пол го посвети голот на Меси

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryl4c9nvfg045jaLOM8V4

Аргентинецот Родриго Де Пол направи убав гест на натпреварот против Монтереј – голот му го посвети на Лионел Меси.

Де Пол во 32. минута постигна атрактивен гол, испраќајќи ја топката во мрежата од дваесетина метри, прецизно погодувајќи го долниот агол. Потоа направи емотивен гест во чест на својот сонародник, пријател и соиграч.

Го соблече дресот под кој носеше друг, познатиот дрес со бројот 10 и името на легендарниот аргентински ас. Меси, кој го пропушти натпреварот поради смртта на неговиот татко, Хорхе.

Гестот на Де Пол беше проследен со долг аплауз од трибините.

Сепак, Интер Мајами не успеа да ја задржи предноста.

Гостите возвратија преку Белгиецот Уго Кујперс и Диего Роси и направија пресврт за победа.

Натпреварот се одигра во рамките на Купот на лигите, натпреварување во кое учествуваат клубови од САД, Мексико и Канада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 16 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 17 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања