Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Ѓоковиќ ги замолкна сите провокатори: Не можете да ме допрете, добра ноќ

Медиасет.мк
пред 2 години

Има моменти за кои веднаш знаете дека ќе влезат во многу спортски антологии. Ова се случи по крајот на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Холгер Руне (6:4, 6:4, 6:2).

Неколку пати во текот на мечот се слушаа извици против Ѓоковиќ, а на почетокот се чинеше дека тоа е само поддршка за Данецот.

Сепак, Ѓоковиќ не се сомнева дека се работи за серија провокации.

„На сите навивачи кои ме почитувате, ви благодарам што дојдовте овде, им честитам од срце и душа. И на сите оние кои избраа да не ме почитуваат, ви посакувам добра ноќ. Дообра ноќ.", рече Ѓоковиќ, алудирајќи на продолженото „у“ кое се слушаше неколку пати во текот на натпреварот.

Водителот на програмата се обиде да ги „одбрани“ навивачите, но Ѓоковиќ не сакаше да дозволи наративот да се промени.

„Не, не, не го прифаќам тоа, но не го прифаќам тоа, знам дека навиваа за Руне, но јас сум на турнеја повеќе од 20 години и знам што е што. Тоа беше изговор да ме исвиркуваат. Играв во многу потешки средини, верувајте не можете да ме допрете“, јасен беше Новак.

Потоа се осврна на претстојниот натпревар кој ќе го игра против Алекс де Минор во четвртфиналето на Вимблдон.

„Се чувствувам одлично на теренот. Од ден на ден секогаш имаме на што да работиме. Утре ќе бидам на терен со мојот тим. Се чувствувам добро, многу пати играв со Алекс. Еден од најбрзите, ако не и најбрзиот играч на трева, но ќе уживам на теренот“, не се сомнева Ѓоковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5133

Петочен хороскоп: Кој ќе добие поддршка, а кој ќе мора да расчисти со старите несогласувања?

Вирално | пред 5 часа

media-libraryk5ojiak4pqb66Wexl0j

Како Норвежаните сушат алишта во зима без влага и мувла во домот?

Вирално | пред 21 час

media-librarybj0me6kqkjtr8UKvDtS

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје по историскиот подвиг во пештерата Врело

Вирално | пред 1 ден

media-libraryqsaibsuva0lt14MTGpm

(Видео) Кој го создава препознатливото ноќно црцорење? Запознајте го зелениот штурец

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања