Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Ѓоковиќ приреди вистинско шоу во БиХ: Играше, пееше и ја воодушеви публиката

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-librarymmc9015k6ctg91CkZ2y

Новак Ѓоковиќ беше една од главните ѕвезди на свеченото отворање на тенискиот центар „Додиг“ во Меѓугорје, каде што пред илјадници гледачи приреди вистински спектакл.

Српскиот тенисер настапи на егзибициски меч во двојки заедно со Мате Павиќ, додека на спротивната страна беа Иван Додиг и Марин Чилиќ. Иако се играше натпревар, резултатот беше во втор план, а атмосферата беше исполнета со забава и добро расположение.

Во текот на мечот, Ѓоковиќ ја забавуваше публиката со атрактивни потези, духовити коментари, шеговити реакции кон судиските одлуки, па дури и со песна, што предизвика воодушевување кај присутните.

Тој на шега рече дека никако не успева да ги исфрли од ритам Додиг и Чилиќ, а неговите досетки беа проследени со громогласен аплауз од трибините.

Меѓу гледачите беше и поранешниот тренер на Ѓоковиќ, легендарниот германски тенисер Борис Бекер.

Ова беше прво појавување на Новак на тениски терен по настапот на Вимблдон, каде што беше елиминиран во полуфиналето од светскиот рекет број еден, Јаник Синер.

Новиот тениски комплекс во Меѓугорје се простира на околу 25.000 квадратни метри и располага со шест тениски терени, меѓу кои и централен терен со капацитет од околу 2.000 гледачи. Планот на семејството Додиг е центарот да стане место за развој на млади тенисери и домаќин на меѓународни турнири.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryttml07c2l6q5diiXbjL

(Видео) Чуварот на слоновите се враќа по неколку години отсуство, а слоновите трчаат директно кон него

Вирално | пред 1 минута

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 15 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 16 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања