Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Голман реанимираше галеб среде терен, откако беше удрен со топка

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-libraryg0g67t8fikq8czbUtxZ

На аматерски фудбалски натпревар во Истанбул се случи редок и неочекуван инцидент кој привлече внимание на медиумите низ Турција, но и светот. За време на финалето на 1. Аматерска лига, голманот на Истанбул Јурдум Спор, Мухамед Ујаник, со топка удрил галеб кој летал над теренот, а птицата паднала на земја.

Капитенот на тимот, Гани Чатан, веднаш притрчал и започнал со кардиопулмонална реанимација (CPR) на галебот. По две минути, птицата покажала знаци на живот, а потоа била предадена на медицинското лице присутно на натпреварот. Иако немал формално образование за прва помош, капитенот инстинктивно реагирал за да го спаси животот на птицата.

Натпреварот бил кратко прекинат додека траела интервенцијата, а снимката и реакциите на учесниците брзо се прошириле на социјалните мрежи. По интервенцијата, утврдено е дека галебот имал повреда на крилото и моментално не може да лета, но е под лекарски надзор и во стабилна состојба.

Голманот Ујаник признал дека во почетокот не сфатил што се случило, додека Чатан објаснил:

„Веднаш сфатив дека птицата не дише и дека падна од ударот. Почнав со CPR и наскоро почна да се опоравува. Сакав да спасам живот. Немав формална обука, но инстинктот си го направи своето“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryttml07c2l6q5diiXbjL

(Видео) Чуварот на слоновите се враќа по неколку години отсуство, а слоновите трчаат директно кон него

Вирално | пред 5 секунди

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 15 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 16 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања