Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Технологија

(Видео) „GTA 6“ добива специјални контролери за PS5, ќе чинат 84,99 евра

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

Заедно со објавувањето на „GTA 6“, гејмерите ќе добијат можност да набават и специјално издание на безжичниот контролер DualSense за PlayStation 5, инспирирано од новата игра на Rockstar.

Sony и Rockstar подготвуваат две верзии на контролерот – светла и темна. Во центарот на подлогата за допир е поставена ознаката „VI“, додека рачките имаат текстура инспирирана од палмите и препознатливиот изглед на Vice City.

Иако има тематски изглед, контролерот ги задржува истите технички можности како стандардниот DualSense. Нема дополнителни функции, но ќе биде достапен како ограничено издание.

Преднарачките започнуваат на 10 септември, а продажбата и испораката почнуваат на 19 ноември, истиот ден кога е најавено излегувањето на „GTA 6“. Цената ќе биде 84,99 евра, односно 10 евра повеќе од стандардниот DualSense.

Станува збор за првиот тематски контролер што Sony го произведува специјално за игра од серијалот „Grand Theft Auto“, а воедно и за првиот ваков производ поврзан со игра на Rockstar во соработка со Sony.

„GTA 6“ е најавена за PlayStation 5 и Xbox Series X/S.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

TikTok

Компанијата зад ТикТок подготвува нов ВИ-агент за конкуренција на Цукерберг

Технологија | пред 40 минути

microsoft

Што се случи со „Мајкрософт“ и дали податоците на корисниците се безбедни?

Технологија | пред 3 часа

media-libraryjqsa2fqs9qeq5KFL96Z

Италија ја казни Мета со 805 милиони евра поради пристап до фотографии на корисниците

Технологија | пред 23 часа

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања