Connect with us

#ФАЦИ

(Видео) Игроорци од Битола и убавините на Македонија во новиот спот на Јордан Митев

Фолк-пејачот Јордан Митев го промовира спотот за песната „Да се живи здрави младоженеците“,  која ја сними во 2019 година. Вели, поради турнеите и пандемијата, морал да направи пауза, па дури сега го сними видеото.

„Планот да снимам и промовирам видео за оваа песна постоеше уште пред две години, но беше одложен поради турнеи, гостувања, потоа почна пандемија. Поради овие, но и други причини морав да паузирам со работата. Сега некако дојде вистинското време и се наместија коцките“, вели Јордан, кој е комплетен автор на песната.

Во спотот учествуваат игроорци од ансамблот „Гоце Делчев“ од Битола со нивниот кореограф Бранко Жежовски-Жежо, еден од најнаградуваните кореографи во Македонија. Спотот е снимен на неколку локации низ Македонија и ги покажува убавините на земјата.

„Во проектот се вклучени и дел од музичарите кои што ме придружуваат на моите настапи. Ние Македонците сме народ со сопствена традиција, култура, фолклор, и сметам дека обврска, но и чест на секој македонски артист е тоа да го негува, претставува и надградува на најдобар можен начин“, додава Митев.

Видеото го работеше долгогодишниот соработник на Јордан, Зати од Охрид, со кој има снимено неколку проекти.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

 

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.

Continue Reading

#ФАЦИ

Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“

 

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

 

Ќе се пеат песните на  Тоше Проески,  Влатко Илиевски,  Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Архитектот Лука, нова љубов на Тамара

 

Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии,  а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се  зборува и низ чаршијата.

 

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: