Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Јокиќ со трипл-дабл го избриша најдобриот тим во лигата

Медиасет.мк
пред 2 години

Никола Јокиќ стигна до својот 20-ти трипл-дабл сезонава во победата на Денвер над Бостон од 115:109.

Српскиот центар блесна против актуелниот најдобар тим во НБА и го предводеше Денвер со 32 поени, 12 скока и 11 асистенции за 38 минути на теренот.

Како изгледа кога Јокиќ ќе реши на сите да им покаже кој е актуелниот шампион во НБА? Па, ова видео најдобро го покажува тоа.

Во анализата по средбата, дури и легендарниот Шекил О'Нил, еден од најдоминантните центри во историјата на НБА, изрази ентузијазам.

„Не можете да го чувате“, извикал Шек додека го гледал Јокиќ како блеска против тимот кој прв стигна до 48 победи оваа сезона.

На Бостон не му помогна ниту тоа што Џејлен Браун постигна 41 поен (сезонски рекорд) со 14 скока, ниту пак Кристап Порзингис имаше 24 поени со 12 скока.

Овој дуел беше преглед на она што можевме да го видиме во големото НБА финале на крајот од сезоната на 6 јуни (првиот меч од серијата).

„Не ги користам како барометар за да видам каде сме, но мислам дека тие се пример за тоа што значи да се биде одличен тим во НБА, а за тоа мораме да ги почитуваме“, изјави тренерот на Бостон Џо. Мазула.

Џамал ​​Мареј и Јокиќ погодија неколку важни удари по сирената и со тоа ја задржаа предноста на Денвер, која во еден момент од четвртата четвртина падна од +12 на само +2 (111:109), но шампионот покажа од што е направен.

?si=36khLiNdRxzqNpqc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 16 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 16 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 18 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања