Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Колекцијата на MAGA која ја има Трамп капи предизвика потсмев: Излезот од Белата куќа е преку сувенирницата

Медиасет.мк
пред 1 година
Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот лидер Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа доби необична завршница – наместо класичен дипломатски протокол, гостите добија „приватна тура“ низ колекцијата на MAGA капи на Трамп.

По разговорите за иднината на Украина и војната со Русија, Трамп ги повел Зеленски и Макрон во просторија чиј ѕидови се преполни со негови препознатливи црвено-бели капи и промотивен материјал. Моментот го овековечи Мерго Мартин, специјална асистентка на Трамп, објавувајќи фотографија која на интернет беше наречена „водич низ претседателскиот музеј на капи“.

На сликата се гледа Зеленски како со изненадување гледа кон капите, додека Трамп му покажува модел со натпис „уште 4 години“, иако 22. амандман на американскиот устав забранува претседател да служи повеќе од два мандати.

Необичниот потег предизвика низа саркастични реакции на социјалните мрежи. „Замислете Черчил да отпатувал во САД во текот на Втората светска војна за да бара поддршка – и домаќинот да направи пауза за да му покаже мерч!“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Изминувате океан само за да ви покажат ормар со црвени капи“. Трети пак се пошегуваа: „Излезот од Белата куќа е преку сувенирницата.“

Ова не е првпат странски лидери да се најдат пред колекцијата на Трамп – претходно и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев бил „почестен“ со слична тура. Според New York Post, на посетителите им се нуди да понесат сувенири, а дел од нив заминуваат „со цели торби работи“.

Иако настанот беше протолкуван со доза на хумор, експертите предупредуваат дека ваквите сцени отвораат прашања за сериозноста на американската дипломатија во време на активни глобални кризи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 12 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 13 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 13 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања