Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

(Видео) Криминалистичката серија „Немезис“ ги руши сите рекорди на Нетфликс

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-librarymv3t0dn2nc4m7ZtFcNF

Новата криминалистичка серија „Немезис“ на Нетфликс стана најгледаниот стриминг-наслов во светот, нешто повеќе од еден месец по нејзината премиера.

Серијата остварила дури 1,31 милијарда прегледи, со што се вброи меѓу најгледаните продукции на Нетфликс во текот на оваа година.

Сите осум едночасовни епизоди беа објавени на 14 мај, а форматот наменет за маратонско гледање се покажа како полн погодок кај публиката. Главните улоги ги толкуваат Тре Хејл, Клеопатра Колман, Доминик Ломбардоци, Метју Ло и Ајлан Ноел.

Дејството е сместено во Лос Анџелес, каде безмилосен детектив и брилијантен крадец се впуштаат во опасна игра на опсесија што ги турка до крајните граници. Во обид да се надмудрат еден со друг, тие ги ризикуваат своите кариери, семејства и слобода, свесни дека само еден од нив може да излезе како победник.

Серијата ја создадоа Кортни А. Кемп и Еван Винсент Вашингтон. Кемп е позната по работата на франшизата „Power“, додека како шоуранер е потпишана Тани Марол. Сценариото го напишаа Моника Мичел, Мајк Флин и Габриела Урибе.

Режијата ја потпишуваат Марио Ван Пиблс, Милисент Шелтон, Роб Харди и Рубен Гарсија.

На платформата за оценки „Rotten Tomatoes“, серијата моментално има 76 проценти позитивни оценки од критичарите, додека публиката ѝ доделила оценка од 52 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања