Connect with us

#ФАЦИ

(Видео) Лара Иванова и Панче Касапоски го објавија првиот заеднички дует „Само сврти се“

Поп-пејачката Лара Иванова и пејачот и композитор Панче Касапски го објавија записот за нивниот прв заеднички дует „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со изразен бит, чиј темел се емоциите и уметноста. Во видео спотот Лара е претставена како сликар, што е целосно нејзина идеја како начин за визуелизирање на тематиката на песната, а драматичноста на испеаните стихови е преточена во секој кадар од новото видео.

Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков, додека режисер е Ѓорги Вацев. Спотот е снимен во Музејот на Град Битола. Стајлингот се должи на Викторија Бурсак која креираше модерен микс од брендови. Шминката и фризурата се на Даниел Николовски.

„Навистина сум пресреќна што сум дел од овој проект заедно со Панче и многу талентирани лица од музичката индустрија, кои се заслужни за мојата нова омилена песна. Видеото изобилува со црно-бел приказ, но вистинскиот колорит на песната се чувствува во самата мелодија и во мојата и изведбата на Панче“, изјави Лара.

„Да се соработува за првпат, со вокал и музички талент каков што е Лара, е вистинско задоволство и привилегија. Секако истото важи и за легендарниот тим, кој што е и повеќе од заслужен за реализирање на овој дует и видео спот, а за кој што ми е искрено драго што сум дел и како композитор. Како пејачи, со Лара совршено се надополнуваме во „Само сврти се” и емоциите, кои што ги пренесуваме низ песната, се целосно доловени и евидентни во секој испеан стих,” изјави Панче.

Лара премиерно го прикажа видео спотот на својот официјален Јутјуб канал.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Првпат во животот облеков фармерки откако ослабев 60 килограми: Пејачката Ивона Јо среќна и посветена на музиката 

Пејачката Ивона Јовановиќ ослабе 60 килограми и првпат во животот облече фармерки. Шест месеци по операцијата на желудникот вели дека конечно е задоволна кога ќе се погледне во огледало.

„Веќе ја немам онаа лажна самодоверба. Кога се затворивме во пандемијата, дознав многу работи за себе, на пример дека се прејадував не затоа што сум била гладна, туку за да го скријам стресот. Денес животот ми е сменет, вежбам јога, медитирам, посветена сум на пеењето и настапите и конечно сум вистински среќна“, вели Ивона во интервјуто на „Репортер“.

Се дружевме во Куманово, градот каде што е родена и живее. И додека ни ги откриваше омилените места на нејзиниот град разговаравме за сè. За музиката, настапите во „Ѕвездите на Гранд“, па и онаа болна тема, психичките проблеми кои со години ја мачеле поради дебелината.

„Никој не ме прашуваше како сум. Ме покажуваа со прст и коментираа дека сум дебела. Кога објавив слики на кои носам свилен фустан, луѓето мислеа дека промовирам гојазност. Јас тоа го направив за себе. Разговорите со психолог многу ми помогна да ги надминам проблемите и да сфатам дека имам многу квалитети за кои не бев свесна“, вели Ивона.

Од дете имала проблем со дебелината, Баба ѝ ја учела да носи широка облека за да ѝ го покрива телото. Денес, кога тоа е минато, Ивона вели дека веќе не се лути, ниту на родителите ниту на баба ѝ.

„Им простив, затоа што само така можев да тргнам напред и да ги надминам сите психолошки проблеми“, искрена е пејачката.

Низ сите овие години музиката ја водела напред. Зад неа е и бендот со кој ни покажа како се пее. А, кога е на јога, освен што го затега телото, си ја смирува и душата. Помеѓу музиката и јогата, секогаш наоѓа време за дружење и чаша вино со нејзиниот најдобар пријател, пејачот Марио Арангеловски. Марио го запознала на аудиција за ‘Идол’. Иако не се сакале, денес се најдобри другари.

„Баба му Ратка многу ме сака и сака да ѝ бидам снаа. Марио лаже дека не сме љубители на алкохолот. И двајцата  сакаме да испиеме чаша добро вино“, рече Ивона. Поради алкохол настанал и најсмешниот клип за јутјуб што го снимиле и бидејќи пијани глумеле модно жири, клипот никогаш не го објавиле.

Дали им било непријатно да се бакнуваат пред камери, како еден на друг си биле лоша среќа во „Гранд“, ама и зошто Ивона не ѝ пееше пратечки вокали на Калиопи на Евросонг. Тука се и муабетите за детството , за операцијата што ја чека пред крајот на годината, песната што наскоро ќе ја снима во Белград, како од 5ХЛ стигна до Л и зошто сака да отвори бутик на плус сајз девојки… гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

 

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Видео) Геј пар се венчаше со евровизиската песна на Васил Гарванлиев

Евровизиските фанови Тој и Гој, кои имаат свој Јутјуб канал, биле толку многу воодушевени од песната Here I Stand што Васил Гарванлиев ја пееше лани на Евросонг, што ја избрале како главна песна на нивната свадба. Тие ова го открија во видеото во кое ги споделија своите впечатоци од песната Circles со која Андреа годинава ќе ја претставува Македонија на музичкото натпреварување.

„Се сеќавате ли каква реакција имав лани кога првпат ја слушав песната на Васил? Навивав за него да успее, и знам дека луѓето велат дека песната е малку лигава, ла, ла, ла, но ако ја слушнете само инструменталната верзија на песната, ќе сфатите дека е прекрасна. Прекрасна. Таа беше една од главните песни на нашата венчавка. Васил требаше да пее во финалето. Песната ја гледаме како вистински подарок од Васил за свадбата. И иако не сме го запознале, знаеме дека ќе го обожаваме и кога ќе го сретнеме“, велат Тој и Гој во видеото.

Инаку, песната Here I Stand беше промовирана пред точно една година, а ја претставуваше Македонија на Евросонг во Ротердам. За да ја одбележи годишнината, пред неколку дена, Васил објави десет ремикси на песната кои ги направија диџеи од целиот свет.

„Сега тие ја пуштаат Here I Stand во клубовите и дискотеките. Песната почнува да грми на журки“, рече Васил за „Репортер“.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Андреа со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022

Вечерва беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа со песната „Circles“.

Пред камерите се претставија шесте кандидати за кои народот имаше можност да гласа изминативе денови. Кали, Лара, Виктор, Јон, Андреа и Рис Флауер се релативно млади музичари, кои претходно беа избрани на конкурсот кој го распиша МРТ.

„Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“, напиша Андреа на социјалните мрежи.

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: