Српскиот пејач Никола Роквиќ го посети Крушево во друштво на своите музичари, оддавајќи почит на Тоше Проески, кого го нарече најдобриот глас што некогаш пеел на овие простори.
Роквиќ им се заблагодари на пријателите на Тоше, неговата сестра и мајка за гостопримството, а објавата ја заврши со емотивна порака: „Љубовта никогаш не престанува“.
„Денеска со моите музичари го посетив Крушево, местото од кое потекнуваше најдобриот глас што чекорел по овие простори“, напиша Роквиќ.