Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Мала ајкула забележана во плиткото кај Ханиоти, туристите во неверување

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-libraryfcud71j8o8uqf241B5B

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека е снимена мала ајкула во плиткото море во близина на брегот во Ханиоти на Халкидики, што предизвика големо внимание и бројни реакции кај јавноста.

Според објавите, снимката е направена во едно од најпосетуваните туристички места на источниот брег на полуостровот Касандра, каде во текот на летната сезона престојуваат голем број туристи од Балканот.

Видеото првично беше објавено на Инстаграм страницата „vranjecirkustabloid“, по што брзо се прошири на интернет. На снимката, како што се тврди, се гледа помала ајкула како плива многу блиску до плажата, додека во позадина се слушаат изненадени реакции од туристите.

Иако сè уште нема официјална потврда за кој вид риба станува збор, фактот дека е забележана во Ханиоти дополнително ја зголеми загриженоста кај дел од јавноста.

„Ужас. Сè отиде по ѓаволите. Климатските промени полудеа. Порано беше незамисливо ајкули да се појават толку блиску до брегот, и тоа во плиткото“, напиша една туристка во коментар под видеото.

Покрај загрижените реакции, имаше и бројни шеговити коментари. Дел од корисниците напишаа: „Дресирана е, не грижете се“, „Некаде е и мама“, и „Само сака да си игра“.

Снимката за кратко време стана вирална и предизвика дебата за присуството на ајкули во водите на Егејското Море.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 12 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 13 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 13 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања