Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) Марко поради операцијата не може да плива, па најави поинаква хуманитарна акција!

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryrsenuh27aam75zh6i3r

Марко Пејчиновски најави дека целата заработка од продажбата на неговата книга ќе биде наменета за хуманитарни цели, откако поради операција на рамото во моментов не може да го изведе планираниот пливачки подвиг.

Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“, Пејчиновски рече дека се обидува постепено да му се врати на пливањето, но состојбата со рамото не му дозволува да се изложи на голем физички напор.

„Во моментов гледам да му се вратам на пливањето, затоа што имав операција на рамото и гледам да го вратам рамото. Сакав да направам еден хуманитарен настан, кој, за жал, нема да можам да го направам токму поради рамото, бидејќи не можам да изведам никаков спортски подвиг“, рече Пејчиновски.

Наместо планираниот настан, тој одлучил во хуманитарни цели да ги насочи приходите од својата книга.

„Бидејќи физички не можам да го направам настанот што го планирав, од денеска најавувам дека целата заработка од книгата што во моментов се продава ќе оди за хуманитарни цели“, изјави Пејчиновски.

Книгата е насловена „Во чекор со судбината“, а може да се нарача со порака преку неговите профили на социјалните мрежи.

„Во книгата е опишан мојот живот приближно до 2022 година. Не се опишани само спортските подвизи, туку целото патешествие и мојата животна приказна. Таа не само што може да инспирира и мотивира, туку може многу да им помогне на луѓето и на семејствата што поминуваат низ истото или низ нешто слично“, рече тој.

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Анџелина Џоли и Салма Хајек открија детали за нивното необично пријателство

Сцена | пред 3 часа

media-library0hsov53quoa0fhMU8KG

(Видео) Громогласен аплауз за Слаткаристика во Оксфорд: „Ве сакам најмногу на цел свет“

Сцена | пред 1 ден

media-library7fijqt39hpvq42XE42i

(Видео) Каролина ги „раздрма” во Гази Баба: општината прослави 50 години постоење

Сцена | пред 1 ден

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања