Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Масовна тепачка меѓу аргентински навивачи пред дуелот со Англија

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-libraryej6s3ojhbtgd3SSqQCM

Сериозен инцидент изби во Атланта во пресрет на полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Аргентина и Англија, но наместо судир меѓу навивачите на двете репрезентации, дојде до пресметка меѓу аргентински навивачи.

Според медиумските извештаи, во јавен парк се судриле групи навивачи поврзани со аргентинските клубови Сан Лоренцо и Уракан, долгогодишни ривали.

За време на тепачката биле фрлани стаклени шишиња, канти за отпадоци, клупи и метални маси. Полицијата интервенирала за помалку од две минути и го прекинала инцидентот, а според снимките од местото на настанот, најмалку едно лице било приведено.

Во Атланта пристигнал голем број аргентински навивачи, а се очекува тие да бидат побројни од англиските на трибините. Дел од нив допатувале без билети и натпреварот ќе го следат во навивачките зони.

Поради големото ривалство меѓу Аргентина и Англија, безбедносните мерки се на највисоко ниво. За обезбедување на натпреварот ќе бидат ангажирани околу 1.600 полицајци, а навивачите ќе бидат насочувани кон одвоени влезови.

На стадионот ќе биде забрането внесување политички и расно провокативни пораки, како и знамиња и транспаренти поврзани со Фокландските, односно Малвинските Острови. Победникот од дуелот Аргентина – Англија во финалето ќе се соочи со Шпанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 13 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 15 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 15 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања