Connect with us

#ФАЦИ

(Видео) Модната ревија на пингвините е хит за посетителите во Скопската зоолошка: дресерот Маја Дојчиновска за дружбата со животните

Една година откако првите пингвини беа донесени во Зоолошката во Скопје, станаа најголема атракција за посетителите. Пред нивното живеалиште секојдневно се забавуваат и децата и возрасните. „Тука посетителите поминуваат најмногу од времето“, рече во разговор за „Репортер“ Маја Дојчиновска, една од негувателките во ЗОО Скопје. Не е тајна дека првите три пингвини што дојдоа во Скопје ги добија имињата по ликовите од филмот „Мадагаскар“-Скипер, Ковалски и Прајват. Сега во Скопската ЗОО има девет пингвини, а Маја вели дека најинтересен од сите ѝ е Монти поради неговиот карактер.

„Од самиот старт беше најтврдоглав и најхрабар. Одеше прв да го истражува живеалиштето, а на секое мое доаѓање, тој прв ме пречекуваше“, вели таа и ни откри дека пингвините ги распознаваат по бојата на алките што ја имаат на крилата.

Маја раскажува дека најинтересото е кога  пингвините еден по еден ќе излезат од водата и како на модна ревија се шетаат во живеалиштето.

„Модната ревија е делот кога за време на хранењето, пингвините излегуваат од водата на сувиот дел на базенот, кој ние си го викаме плажа. А ревија има и кога одмораат, тогаш исто така наредени еден зад друг излегуваат на плажата“, вели Маја во разговорот.

Маја со пингвините е првиот ден кога беа донесени во зоолошката. Прво дојдоа три пингвини од Италија, а потоа уште шест од Русија. Како неговател на животните таа секојдневно се грижи за нив, ги храни и им помага да создадат навики за да им биде убаво во живеалиштето.

„Вложивме многу труд и нерви за брзо да се адаптираат и на внатрешното и на надворешното живеалиште и сега буквално уживаат. Не им правиме класична дресура, како на пример со морските лавови, но се трудиме да им создадеме навики каде и како да се движат за да може полесно да ја добијат ханата или да влегуваат во внатрешниот дел кога треба да ги прегледаме или да го исчистиме базенот“, вели таа.

„Прв пат во Зоолошката имаме пингвини и тие се меѓу најомилените животни. Децата најмногу им се радуваат и поминуваат најмногу време пред нивното живеалиште“, додава Маја.

Андријана Јовановска

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

 

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.

Continue Reading

#ФАЦИ

Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“

 

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

 

Ќе се пеат песните на  Тоше Проески,  Влатко Илиевски,  Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Архитектот Лука, нова љубов на Тамара

 

Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии,  а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се  зборува и низ чаршијата.

 

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: