Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) My Tear го претставува својот нов албум на 6 декември во Скопје

Медиасет.мк
пред 2 години
MY-TEAR-live-foto-Stefan-Samandov

Скопското трио My Tear планира на почетокот на следната година низ регионот концертно да го претстави албумот „Кога не се сакаме“, којшто беше објавен кон средината на септември.

Пред сето тоа, ќе одржат концерт на домашен терен, во петок на 6 декември, во Станица 26 во Скопје. „Кога не се сакаме“ е достапен на YouTube, Bandcamp, како и на сите дигитални платформи, а до крајот на годината и на плоча како заедничко издание на независните издавачи Corpus Delicti од Македонија, JaJaJa Records од САД и Pop Depresija од Србија.

My Tear се Дени Крстев (вокал и гитара), Кристијан Лафазановски (тапани) и Ненад Трифуновски (бас). Идејата на бендот е албумот да звучи како модерна варијанта на македонските бендови од осумдесетите како Хаос ин Лаос, Токму така, Падот на Византија, Мизар, Бадмингтонс...

Пред излегувањето на албумот објавени се два сингла - „На старите станици“ и „Истото го сакаш“, кои беа одлично примени во регионот, а на „Кога не се сакаме“ се наоѓаат уште седум песни, меѓу кои и „Овој ден“ од репертоарот на Фонија. Во 2019 година My Tear го објавува својот истоимен албум како дигитално издание и на плоча, а пет години подоцна, добропознатите андерграунд воини и членови на бендовите 21 век, Фонија, ХАХАХА, FxPxOx, Bernays Propaganda се на нова мисија да го дадат својот најдобар концерт досега.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 13 минути

media-librarya1aagb2bdbjs8EHwlpL

Apple сака сите да преминат на iOS 27: Еве што се менува во поставките на iPhone

пред 40 минути

media-librarymrgi6fq3rmrscou1FkV

Старински рецепт за џем од сливи: Додадете малку рум за побогат вкус

пред 1 час

media-libraryqg1a9engomct2rP8mPz

Мафини од тиква со чоколадо: Едноставен есенски десерт што освојува со вкусот

Вирално | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања