Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

ВИДЕО: На денешен ден пред три години нѐ напушти Билјана Беличанец

Медиасет.мк
пред 4 години
biljana-belicanec-960x540

На денешен ден пред три години, на 46 годишна возраст, нѐ напушти актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец.

Таа важеше за една од најталентираните, најквалитетните домашни актери, беше пример за актерка која моќно играше во сите жанрови, на повеќе сцени, а зад себе остави печат во 30 улоги. Беше најмногу позната како Туфи во детската серија „Здраво генијалци“, глумеше во филмот „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски, и во ТВ серијата „Од денес до утре“, но ќе биде запаметена и по своите улоги во театарските претстави како Маргарет Флаерти во „Заводникот од западниот свет“, Сузана во Свадбата на Фигаро, Маре во тетовирани Души и мн. Други.

Беличанец била и најмладиот запишан студент на Факултетот за драмски уметности. По дипломирањето во 1994 година таа се вработила во Народниот театар Прилеп, а по три години преминала во Драмскиот театар во Скопје.

Беличанец има добиено награда за најдобар млад актер за улогата на Медеја во истоимената претстава „Медеја“ на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински, потоа награда за најдобар млад актер на фестивалот Мали и експериментални сцени за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“ во Сараево, награда за најдобро актерско остварувње за улогата на Кинегонда во претстава „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучиња, исто на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински во 2012 година.

Зад себе остави сопруг и две деца.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 1 ден

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 1 ден

IMG_0960

Каде најмногу патуваат Европјаните? Овие пет градови се на врвот на листата

Патувања | пред 1 ден

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања