Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Над 50.000 посетители на концертот на Цеца во Крива Паланка: настапот прекинат по реакција од публика

Медиасет.мк
пред 1 година
ceca-kriva-palanka

Градскиот стадион во Крива Паланка синоќа собрал повеќе од 50.000 посетители, кои присуствувале на концертот на балканската музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Настапот беше дел од општинската манифестација, а интересот на јавноста далеку ги надмина очекувањата на организаторите, кои првично најавија околу 30.000 посетители.

Покрај Цеца, на сцената настапија и Дејан Петровиќ со Биг Бенд, Мики Секуловски, Никола Станишиќ и Диџеј Галоски. Претходно најавениот Мирза Селимовиќ го откажа настапот поради здравствени причини.

За време на концертот се случи и необичен момент кој привлече внимание. Девојка од првите редови ѝ покажа на пејачката порака со која побара потпис на својата рака за потоа да го претвори во тетоважа, па Цеца запре со пеење.

„Немој да си ја упропастуваш кожата! Млада си и убава, подобро украси се со некој дечко. Момчиња, што е ова? Подоцна ќе разговараме кога ќе завршам со концертот, да те уверам во спротивното“, ѝ порача Цеца пред да продолжи со настапот. Видео од овој момент веќе кружи на социјалните мрежи и беше пренесено од повеќе српски медиуми.

Утрово, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, јавно им се заблагодари на вработените во ЈП „Комуналец“, кои за неколку часа темелно го исчистија стадионот. „Локацијата изгледа како таму да немало повеќе од 50.000 посетители,“ напиша Митовски.

Фестивалската програма продолжува и вечерва, кога главна музичка ѕвезда ќе биде Саша Ковачевиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 11 час

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 12 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања