Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) „Некст тајм“ и по 18 години имаат трема: Секогаш се прашуваме дали ќе има публика

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryj6qn62dthc2m8XX1Jij

Стефан и Мартин Филиповски од „Некст тајм“ и по 18 години заедничка кариера чувствуваат трема пред секој настап, а најголемиот страв им е дали пред сцената ќе има публика.

Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“, браќата рекоа дека никогаш не им станало преку глава од музиката и од јавните настапи.

„Осумнаесет години постоиме како ‘Некст тајм’, а како браќа близнаци сме заедно 39 години и девет месеци“, се пошегуваа тие.

И покрај долгогодишното искуство, неизвесноста пред концертите, како што велат, сè уште постои.

„Никогаш не ни е доста од публиката. Едноставно, секогаш најмногу имаме трема пред настапите, со онаа помисла дали ќе има публика. Секогаш сакаме публика и многу сме благословени што имаме луѓе на нашите настани и публика за нашите песни“, рекоа Стефан и Мартин.

Тие нагласија дека се среќни што се дел од македонската музичка сцена, иако сметаат дека таа може да биде подобра.

„Се чувствуваме среќни што сме дел од оваа естрада. Каква е, таква е, меѓутоа се трудиме ние да бидеме позитивни“, порачаа од „Некст тајм“.

Според нив, досегашната кариера има три различни етапи – почетниот поп-рок период, преработките на македонски патриотски песни и новиот музички правец што го претставуваат со поновите песни.

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryohgcv47kk1k81diSYf9

Рита Ора тужена од поранешната менаџерка: Бара повеќе од 3 милиони фунти

Сцена | пред 5 часа

metju-peri-960x639-1

Ѕвездите од „Пријатели“ одбиле да учествуваат во документарецот за Метју Пери

Сцена | пред 5 часа

media-libraryevngjc49grg53AMYA5u

Хејли Бибер го збуни водителот: „Џастин е Французин“

Сцена | пред 1 ден

5c34837e-f238-463a-b437-70c10a0a0a67-karleusa-i-dusko-750x500-1

Карлеуша: „Со Душко можам да се смирам за една минута, но тоа не го сакам“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања