Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) „Никој како ти“ - нова песна и спот на Тамара Тодевска и Коста Каџикојчев

Медиасет.мк
пред 2 години
tamara-t

„Никој како ти“ е новата песна на Тамара Тодевска и Коста Каџикојчев. Станува збор за нова поп-песна, чиј автор на текстот, музика и аранжманот е Коста.

Видео спотот се снимаше на неколку локации во Скопје, во централното градско подрачје, а е во режија на Billy D.

Во видео записот доминираат двајцата артисти, кои ја раскажуваат приказната на „Никој како ти“.

- Песната ја работевме во текот на летото, во студиото на Коста и уште на прва ми се допадна. Морам да бидам искрена и да кажам дека „Никој како ти“ ми има и ретро момент и малку ме потсетува на времето кога поп музиката во Македонија навистина беше на едно завидно ниво. Спотот го снимавме во една вечер, во Скопје. За време на снимањето навистина беше динамично, по малку ладно, но како екипа задоволни сме од крајниот резултат, посочува Тамара.

Коста со голема возбуда и радост говори за овој музички проект, кој е еден од неговите најголеми достигнувања во кариерата.

- Пресреќен бев кога артист од рангот на Тамара прифати да ја снимаме оваа песна. А, во врска со спотот... тоа е друга приказна. Уште во текот на сетот на сите им зборував дека имам и трема, и среќа и неверување дека снимам со Тамара Тодевска. Но, сите тие измешани емоции и чувства мислам дека уште повеќе придонесоа кон квалитетот на видео записот, исктакна Коста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 10 часа

media-librarymaftjrrt0nvg1RvFgqT

Познати личности на кои им е забранет влез во одредени држави

Сцена | пред 11 час

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 12 часа

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања