Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

(Видео) Нов чекор во вселената: „Артемис II“ ја започна патеката кон Месечината

Медиасет.мк
пред 7 месеци
media-library8fp8d6gc2bng6xKiiTY

Мисијата „Артемис II“ официјално го започна патувањето кон Месечината, откако четворицата астронаути успешно го изведоа маневарот за транслунарно забрзување (TLI), со што го поставија курсот за обиколување на природниот сателит на Земјата.

Се очекува екипажот да помине уште околу осум дена во вселената, во рамки на една од најзначајните мисии во поновата историја на вселенските истражувања.

Во првото обраќање по поставувањето на курсот, канадскиот астронаут Џереми Хансен истакна дека мисијата носи симболична тежина за човештвото.

„Човештвото повторно покажа на што е способно, а вашите надежи за иднината нè носат на ова патување околу Месечината“, изјави Хансен.

Астронаутката Кристина Кох, пак, порача дека мисијата не значи оддалечување од Земјата, туку нејзино вреднување.

„Со овој маневар кон Месечината, ние не ја напуштаме Земјата. Ние ја избираме“, рече таа.

„Артемис II“ има историско значење бидејќи претставува прво враќање на астронаути во близина на Месечината по повеќе од 50 години, од времето на програмата „Аполо“. Мисијата носи и дополнителен ризик и амбиција, бидејќи се очекува да достигне поголема оддалеченост од Земјата од која било претходна мисија со човечки екипаж, надминувајќи го досегашниот рекорд поставен од „Аполо“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 7 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања