Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

(Видео) Новата Нетфликс серија „Господар на мувите“ ги воодушеви гледачите

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-libraryoruln401lbftfHWbwZx

Мини-серијата Lord of the Flies беше објавена вчера на Netflix во САД и веќе има 94% позитивни критики.

Станува збор за адаптација на класикот на Вилијам Голдинг за група момчиња кои по авионска несреќа се наоѓаат на пуст остров. На Rotten Tomatoes серијата веќе има 94% позитивни критики.

Серијата ја адаптирал Џек Торн, автор на театарската претстава „Хари Потер и проколнатото дете“ и ТВ серијата „Adolescence“, додека режијата ја потпишува Марк Манден.

Приказната следи повеќе од дваесет момчиња од 1950-тите кои, без надзор од возрасни, постепено создаваат општество на тиранија и насилство, со јасна порака за кршливоста на демократијата и тенката линија на цивилизациските правила.

Секоја од четирите епизоди става во преден план различен лик, а серијата започнува од перспектива на Пиги, разумно момче кое се обидува да воспостави систем на гласање.

Актерот кој го игра Пиги, Дејвид Мекена, вели дека и денес општествените проблеми се исти, иако светот технолошки напредувал.

Заедно со Пиги се и Ралф (Винстон Соверс), Џек (Лок Прат) и Сајмон (Ајк Талбут). Според актерите, секој лик претставува различен аспект на човечката природа, а Џек ја симболизира нејзината помрачна страна.

Режисерот Манден го опишал снимањето како хаотично поради големиот број деца под 12 години, но токму тој немир сакал да го пренесе и на екранот.

Снимањето траело пет месеци, од јули до декември 2024 година, на ненаселени острови во Малезискиот архипелаг.

Иако приказната е сурова, актерите велат дека искуството на снимање било пријателско и незаборавно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања