Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Новинар предупредуваше на опасни бранови, а потоа еден го собори пред камерата

media-libraryt1tgjjappqj97uwOYPo

Непредвидлив силен бран ја погоди телевизиската екипа на шпанската телевизија ЕТБ2 за време на директен пренос од крајбрежјето, соборувајќи ги новинарот и снимателката.

Новинарот Серхио Овејеро известувал за емисијата „Еускади Кедате“ од шеталиштето во Ондароа, Шпанија, на 22 октомври, предупредувајќи ги гледачите на опасните услови на морето. Во еден момент, огромен бран се прелеал преку заштитниот морски ѕид и ја погодил екипата од зад грб.

Водата целосно ја прекрила сликата на камерата, а преносот бил прекинат. Во студиото водителот реагирал на неочекуваниот настан.

За среќа, подоцна било потврдено дека Овејеро и снимателката Ракел Видал се безбедни и дека немаат пријавено посериозни повреди.

Од телевизиската екипа соопштиле дека на шеталиштето биле повеќе од еден час пред да ги изненади бранот. Настанот е потсетник дека условите на морскиот брег можат нагло да се променат, дури и кога местото на прв поглед изгледа безбедно.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Вирално

Сите →
media-library004ukt5faru44X03CHU

Запишете го датумот! Секој хороскопски знак има еден особено среќен ден во декември

пред 8 часа
media-librarydh1fmo6pnbot6DJaRA6

Ноемвриската супермесечина вечер ќе го осветли небото

пред 15 часа
media-libraryvlcu11o31d5n0ezYxr1

(Фото) Празнична магија во Њујорк – градот блеска во илјадници светилки

пред 15 часа
media-library8l49b08ete85elVhyK5 ВИДЕО

(Видео) Снегот го затрупа планинскиот дом во Јапонија: Вработените со лопати го расчистуваат влезот

пред 16 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања