Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

(Видео) Објавен првиот трејлер за „In The Hand Of Dante“ со Оскар Ајзак и Џејсон Момоа

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-library7kilmpt6ic437kwdojS

Нетфликс го објави првиот трејлер за филмот „In The Hand Of Dante“, новото остварување на режисерот Џулијан Шнабел, кое премиерно беше прикажано на минатогодишниот Филмски фестивал во Венеција.

Филмот има импресивна актерска екипа предводена од Оскар Ајзак, Џејсон Момоа, Гал Гадот и Мартин Скорсезе, пишува Deadline.

Станува збор за најновиот проект на Шнабел по филмот „На портите на вечноста“ од 2018 година, посветен на Винсент ван Гог, кој беше номиниран за Оскар.

Филмот е базиран на романот на Ник Тошес од 2002 година. Оскар Ајзак толкува двојна улога – њујоршкиот писател Ник Тошес во 21 век и Данте Алигиери во 14 век.

Според официјалниот синопсис, „In the Hand of Dante“ ги следи паралелните животи на Тошес, кој тргнува на опасно патување откако мафијашки бос ќе го ангажира да го украде оригиналниот ракопис на „Божествената комедија“, и самиот Данте, кој бара инспирација за своето најзначајно дело.

Двајцата мажи, иако разделени со векови, се поврзани преку нивната опсесивна потрага по љубовта, убавината и божественото.

Покрај Ајзак, во филмот играат и Гал Гадот, Џерард Батлер, Џон Малкович, Сабрина Импачиаторе, Франко Неро, Бенџамин Клементин, Мартин Скорсезе, Ал Пачино и Џејсон Момоа.

Сценариото, според романот на Тошес, го адаптирале Џулијан Шнабел и Луис Кугелберг.

Правата за филмот годинава ги откупи Нетфликс, кој планира кино-премиера на 12 јуни, а на стриминг платформата филмот ќе биде достапен од 24 јуни. Пред пошироката дистрибуција ќе биде прикажан и на филмскиот фестивал Трајбека.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања