Connect with us

#ФАЦИ

(Видео) „Очи црни“ е песната со која пејачите испратија порака против насилството врз жените и девојчињата

Македонските поп-ѕвезди Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрин, Антониа Гиговска, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) ја преработија руската песна „Очи црни“ и се вклучија во кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата. Аранжманот го направи Џијан Емин, а препевот е на Диме Поповски и Васиа Поповска.

Тие испратија порака да се стави крај на семејното насилство. Секоја втора жена во Македонија се соочила со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување, а 14 отсто од жените се соочиле со физичко или сексуално насилство, покажа последното истражување за насилство врз жени, предводено од ОБСЕ. Последица на пандемијата е и порастот на случаи на домашно насилство, а најголем број од жртвите се жени.

„Не молчи, не трај, стави краја е годинешното мото со кое и Македонија се приклучува на глобалната кампања ‘Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега’“, велат организаторите на кампањата.

Кампањата трае од 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жени и девојчиња до 10 декември, Меѓународниот ден на човекови права. Во оваа кампања се вклучени и Обединетите нации, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

 

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.

Continue Reading

#ФАЦИ

Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“

 

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

 

Ќе се пеат песните на  Тоше Проески,  Влатко Илиевски,  Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Архитектот Лука, нова љубов на Тамара

 

Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии,  а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се  зборува и низ чаршијата.

 

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: