Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Од ѕвезда на „Никелодеон“ до живот на улица: судбината на Тејлор Чејс го шокира Холивуд

Медиасет.мк
пред 10 месеци
media-library3r4tq1d340v0aUmfPEl
Х

Видео што деновиве се прошири на социјалните мрежи прикажува поранешен детски актер како живее како бездомник на улиците на Лос Анџелес, предизвикувајќи силни реакции во јавноста и меѓу неговите поранешни колеги.

Станува збор за Тејлор Чејс, американски актер кој во младоста се прослави на каналот Никелодеон, најмногу по улогата на Мартин Кверли во популарниот ситком Ned’s Declassified School Survival Guide.

На видеото, кое го снимила случајна минувачка, Чејс одговара на прашање дали некогаш глумел за „Дизни“, по што појаснува дека бил дел од „Никелодеон“ и дека имал улога во споменатата серија. Снимката брзо се прошири и предизвика бран емотивни реакции.

Особено погодени беа неговите поранешни колеги од серијата, меѓу кои Даниел Кертис Ли, Девон Веркхајзер и Линдзи Шо.

„Не можам многу да направам, но би сакала да разговарам со него, да му покажам љубов и да го погледнам во очи. Ми недостига Тајлор, толку многу го сакам Тајлор“, изјави Шо.

По објавата, социјалните мрежи беа преплавени со коментари во кои корисниците изразуваат тага и загриженост, но и критика кон филмската индустрија. Дел од нив посочуваат дека Холивуд често остава длабоки последици врз младите актери, особено оние кои рано се соочуваат со слава и притисок.

Покрај „Ned’s Declassified School Survival Guide“, Тејлор Чејс има улоги и во серијата Everybody Hates Chris, како и во филмот Good Time Max.

Случајот повторно ја отвори дебатата за заштитата на детските актери и за тоа што се случува со нив откако ќе исчезнат од светлината на рефлекторите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymslk2s8q210jarrJouH

Голема вест за фановите: Малума ја вклучи Приштина во светската турнеја за 2027 година

Сцена | пред 13 часа

media-library5qcv1rtnih224cN8m3Q

Реј го изедначи рекордот на Бијонсе со 11 номинации за „Греми“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryb2qn222k2mp02ks0De3

„Имаш уште шест прсти“: Обожавател ја насмеа Џенифер Лопез со шега за нејзините бракови

Сцена | пред 1 ден

media-libraryagmidm0rorie4SPCTlB

Северина осудена по тужба од хрватска судијка, треба да плати над 6.700 евра

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања