Медиасет.мк logo
Промени тема
Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Од „Gipsy Song“ до „Едно име имаме“: Карерас со Македонската филхармонија и македонски ѕвезди го освоија плоштадот „Македонија“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryhjc76ho5i5nmbPuVKVx

Скопје вчера беше центарот на вистински музички спектакл, со кој беше одбележана 35-годишнината од независноста на Македонија. Пред преполниот плоштад „Македонија“, легендарниот шпански тенор Хозе Карерас приреди незаборавна вечер исполнета со музика, емоции и големи македонски хитови.

Еден од славните „Тројца тенори“, заедно со Лучано Павароти и Пласидо Доминго, Карерас настапи со Македонската филхармонија под диригентската палка на Сашо Татарчевски, а сцената ја сподели со дел од најголемите македонски музички имиња.

Публиката со посебни емоции ги проследи настапите на Сузана Спасовска со „Земјо македонска“, Маја Оџаклиевска со „Македонско девојче“ и Каролина Гочева со „Ако згрешам, нека изгорам“.

Посебен момент беше настапот на Калиопи, која заедно со илјадници присутни ја отпеа „Бисер балкански“, додека Влатко Стефановски со гитарата ја донесе безвременската „Gipsy Song“.

Кулминација на вечерта беше заедничката изведба на „Едно име имаме“. На сцената со Карерас застанаа Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, а плоштадот „Македонија“ за момент се претвори во огромен хор.

Музиката, препознатливите хитови и големите имиња создадоа атмосфера која долго ќе се памети како една од највпечатливите вечери во одбележувањето на 35 години независна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library61ar6a17f9ic7JWNSFN

(Видео) По настапот на „Макфест“, Арте Факт го објавија видеоспотот за „Вистина“

Сцена | пред 1 час

media-libraryeav0f2ath4oibnhjLNi

(Видео) Нова мистерија околу Бака Прасе: Снимка од надзорна камера покажува како маскирани лица го изнесуваат од станот

Сцена | пред 10 часа

media-libraryq3hiq76c7no94iGHdp8

Весна Змијанац се враќа во Скопје, пет децении музика, емоции и безвременски хитови на големата сцена во арената „Борис Трајковски“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryttfqlfk15v3h0TbAb7D

(Видео) По лажните тврдења за апсење поради перење пари, се појавија нови снимки од наводна акција за одземање на автомобилите на Бака Прасе

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања