Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Филм

(Видео) Од тениските терени во Холивуд: Новак Ѓоковиќ ќе глуми со Роберт де Ниро и Аријана Гранде, филмот излегува на 25 ноември

Медиасет.мк
пред 24 минути
media-librarybtu4mm4bpmu44xAIrOO

Новак Ѓоковиќ ќе се појави во новото продолжение на популарната комедија „Фокерови – пристигнува снаата“, каде што ќе има кратка улога покрај холивудските ѕвезди Роберт де Ниро, Бен Стилер и Овен Вилсон. Филмот во кината пристигнува на 25 ноември 2026 година.

За најдобриот српски тенисер ова ќе биде прво појавување на големото платно. Во една од сцените, Ѓоковиќ ќе се појави со тениски рекет во рацете, заедно со комичарот Овен Вилсон.

Во новото продолжение се враќаат познатите ликови од семејството Фокер, чии животи повторно ќе бидат исполнети со семејни недоразбирања, судири на генерации и низа комични ситуации. Во центарот на приказната е Хенри Фокер, синот на Грег и Пем, кој одлучува да се ожени со самоуверената и успешна Оливија, која ја игра Аријана Гранде. Нејзиното влегување во семејството отвора нова серија непријатни и комични ситуации.

Покрај Ѓоковиќ, во филмот настапуваат Роберт де Ниро, Бен Стилер, Аријана Гранде, Овен Вилсон, Блајт Данер и Тери Поло.

Филмот го напиша и режираше Џон Хамбург, кој учествувал и во создавањето на претходните продолженија. Продуценти се Џејн Розентал, Роберт де Ниро, Бен Стилер, Џон Лешер, Џеј Роуч и Џон Хамбург.

Франшизата започна со филмот „Нејзините родители“ од 2000 година, кој освои голем број гледачи ширум светот и прерасна во една од најуспешните комедиски серии.

Премиерата на новото продолжение е закажана за 24 ноември во 20 часот, во киното „Синеплекс Галерија“, додека редовната кинодистрибуција започнува на 25 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd2cf6kabeln7195z3Ad

(Видео) Објавена нова сцена од серијата „Хари Потер“, гледачите не се воодушевени од изгледот

Филм | пред 3 дена

di-kaprio-960x504-1

Леонардо ди Каприо откри кој филм му бил најтежок во кариерата

Филм | пред 4 дена

media-libraryqfqhouj9pvumd97zQWJ

Даниел Редклиф не знае дали ќе ја гледа новата серија за Хари Потер: „Осум часа се премногу“

Филм | пред 1 седмица

media-libraryq3saq0imdhabaXBz6yt

Почина актерот Дони Данаган, кој му го позајми гласот на Бамби

Филм | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања