Медиасет.мк logo
Промени тема
Филм

(Видео) Омилената божиќна серија се врати на Нетфликс по пет години

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-library26qtvbri197q6xUOIJr
YouTube/Print Screen

По пауза од пет години, омилената норвешка серија „Home for Christmas“ („Дома за Божиќ“) се врати на Нетфликс со долгоочекуваната третa сезона, која повторно ги освојува срцата на гледачите. Радниот тек и понатаму е сместен во неделите пред Божиќ, а главната хероина Јохане повторно се соочува со љубовни и животни предизвици – сето тоа во волшебната, снежна атмосфера на Норвешка.

За што станува збор?

Серијата на Пер-Олав Соренсен стана светски хит уште во 2019 година, претставувајќи освежувачка божиќна приказна со шармантна и реалистична главна јунакиња.

Во првата сезона, 30-годишната Јохане (Ида Елисе Брок), уморна од статусот на „вечна самичка“, ѝ соопштува на својата фамилија дека на божиќната вечера ќе дојде со дечко. Проблемот? Таков дечко – нема. И има само 24 дена да го најде. Серијата од самиот почеток вешто избегнуваше клише-приказни за „принц на бел коњ“, покажувајќи дека патот до вистинска врска често е исполнет со предизвици.

Втората сезона продолжи да ги обработува темите за општествениот притисок врз жените во триесеттите години, нивната сексуалност и различните животни очекувања.

Сега, во третата сезона – објавена на 12 декември – ја затекнуваме 36-годишната Јохане како се опоравува од тежок раскин. Со приближувањето на празниците, се поставува прашањето дали повторно е подготвена да поверува во љубовта – паралелно со важен професионален пресврт во нејзиниот живот.

Снежната магија на Норвешка

Освен симпатичната главна јунакиња и нејзините животни перипетии, еден од најсилните адути на серијата е сценографијата. Наместо во типични метрополи како Њујорк или Лондон, приказната се одвива во Норвешка. Сцените со шарени куќи покриени со снег и улици по кои Јохане се вози со санки станаа вистински заштитен знак на серијата.

Иако името на градот никогаш не се спомнува, станува збор за вистинско место – Рøрос. Овој град со околу 5600 жители се наоѓа во централна Норвешка, на околу пет часа возење од Осло. Поради својата дрвена архитектура и рударска историја, веќе четири децении е под заштита на УНЕСКО. Интересно е што сцените во домот на Јохане, како и оние во барот или училиштето, всушност се снимани во Осло, во населбата Кампен.

За третата сезона, продукцијата се пресели и на југоистокот од земјата, каде што во крајбрежниот град Мос се снимени магичните сцени на лизгалиштето – вистинска инспирација за некое идно патување во Норвешка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library32uqm6dh2ahsdgolBD5

Турските серии станаа милијардерска индустрија: Ги гледаат повеќе од една милијарда луѓе

Филм | пред 15 часа

media-library1cv9p39nva4k7KVrbtu

(Видео) Скриен грчки бисер: Антипаксос со тиркизно море како од разгледница

Патувања | пред 17 часа

media-librarytbkehv5p0bl74EqTF1g

Грција втора во светот по број на „Сини знамиња“: 657 наградени плажи

Патувања | пред 17 часа

media-libraryqhtkav43hbevbAYokR9

Три хороскопски знаци на кои есента им носи неочекувана среќа

Вирално | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања