Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) „Пијана“ – Песната со која Дани Димитровска се врати на „Макфест“

Медиасет.мк
пред 1 година
Screenshot-2024-10-28-124206

„Пијана“ е новата песна на нашата поп рок дива, Дани Димитровска која по неколку години повторно застана на сцената на Макфест и му подари на 39-то издание на овој фестивал уште еден хит. „Пијана“ вибрира љубовно - пијанство од љубов и среќа е најубавиот поздрав кој може да го посакаме некому“. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а за аранжманот стои Јордан Манов.

„...немам време да мразам на луѓе да газам“ нека е добро утро секој ден, за да ни тргне денот со посвета на себе“, порачува Дани во својот најнов сингл.

Дани ја промовираше „Пијана“ на Макфест во највпечатлив сценски костим и ги подигна стандардите на сценскиот израз, а видео записот на оваа песна беше објавен во неделата, ден по фестивалскиот настап. Спотот е во целосна продукција на 2by4, во режија и монтажа на Ени Вучидолова.

„Видеото за „Пијана“ е најприродниот однос досега прикажан. Реалните сопнувања, паѓања и будалаштини се задржани и прикажани во видеото како потсетник на тоа дека сме живи луѓе, создадени за слобода, за емотивна размена, соединување. 2by4 продукција го обои и соедини ова парче вистина кое, сигурна сум, ќе ви украде насмевка“, изјавува Дани.

Обожователите на Дани Димитровска имаат можност да ја слушнат „Пијана“ на сите музички стриминг платформи, а на YouTube да го погледнат видео записот.

Наскоро ќе слушнеме уште една нова песна од Дани, за која таа вели дека е најразлична од сѐ досега што снимила, но се надева дека ќе и се допадне на публиката затоа што има важна порака да пренесе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

sok

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Вирално | пред 4 часа

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 6 часа

media-librarymoih7ksa3kfr8D33op8

Нова голема промена на WhatsApp: Еве каде ќе бидат каналите отсега

Технологија | пред 7 часа

media-libraryu1abo34723tfadXHOIZ

Многумина дури сега откриваат за што служи овој пластичен дел во машината за перење

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања