Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) По 15 години, „Од утро до мрак“ доби нов звук – хитот на „ДНК“ и Ена во нова ремикс верзија

Медиасет.мк
пред 4 седмици
media-library0vckb0vuqe0s67CWhRj

Еден од познатите дуети на „ДНК“ и Магдалена Цветкоска-Ена, „Од утро до мрак“, 15 години по оригиналното објавување добива нова, современа верзија.

Ремиксот го потпишуваат диџеите Тошев, Монарх, Гокшата и Насте, кои песната ја избрале поради емоцијата што ја носи, но и со идеја старите македонски хитови повторно да добијат место во современиот музички звук.

Новата верзија носи модерна продукција, но ја задржува препознатливата мелодија и атмосфера на оригиналот, кој беше објавен во 2011 година.

Музиката и аранжманот на песната се дело на Лазар Цветковски, додека текстот го напишаа неговата сестра Магдалена Цветкоска-Ена и Владимир Блажев-Панчо.

„Од утро до мрак“ повторно беше изведена во живо во 2022 година, кога Ена беше гостинка на концертот на „ДНК“ по повод 20-годишнината од постоењето на дуото, одржан во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Новата верзија на песната доаѓа во период исполнет со тешки спомени за „ДНК“ и нивните соработници. Андреј Ѓорѓиески загина на 16 март 2025 година во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што „ДНК“ настапуваше таа вечер. Во трагедијата загинаа и повеќе членови на нивниот придружен бенд и тим.

Владимир Блажев-Панчо, кој беше тешко повреден во пожарот, по речиси седум месеци лекување почина на 14 октомври 2025 година како последица на повредите.

За Лазар Цветковски, пак, Панчо често велеше дека е „како трет член на ДНК“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygs1338qmf22n3fI83kx

(Видео) Жељко Јоксимовиќ со порака по концертот во Штип: „Ви благодарам Штип, Ви благодарам Македонија, ве сакам!“

Сцена | пред 19 минути

media-libraryqia23n3kt4pbcbqeez4

По повеќе од еден месец е објавена причината за смртта на Хејден Панетиер

Сцена | пред 12 часа

severina

Северина објави три нови песни пред концертот во Скопје

Сцена | пред 14 часа

media-libraryssn748b1npuf2gqdm8R

Jован Јованов и Елвир Мекиќ направија светско шоу во Штип - Пееја пред преполн стадион на Пастрмалијада

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања